ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/7 стр. 14-15
  • Дали на Бог му е сеедно што страдаме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали на Бог му е сеедно што страдаме?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО БОГ ДОЗВОЛИ ТАКВО НЕШТО?
  • ДАЛИ Е ПОГРЕШНО ДА СЕ ПРАШУВАШ ЗОШТО?
  • ЈЕХОВА ГИ МРАЗИ СТРАДАЊАТА
  • ЗОШТО НЕ НАПРАВИ НЕШТО?
  • Зошто Бог ги допушта страдањата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Јехова ќе ти помогне да бидеш храбар
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Справување со марфанов синдром кога ќе се исчашат зглобовите
    Разбудете се! 2001
  • Содржина
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/7 стр. 14-15

РАЗГОВОР НА БИБЛИСКИ ТЕМИ

Дали на Бог му е сеедно што страдаме?

Следи типичен разговор на еден Јеховин сведок со некој станар. Да речеме дека Марија, која е Јеховин сведок, отишла кај една жена по име Софија.

ЗОШТО БОГ ДОЗВОЛИ ТАКВО НЕШТО?

Марија: Денес на сите им го оставам овој трактат со наслов Сакаш ли да ја дознаеш вистината? Повелете, ова е за вас.

Софија: Дали има некаква врска со религија?

Марија: Да. Како што можете да видите, овде има шест прашања. Кое од нив...

Софија: Извинете, мора да Ве прекинам. Само си го губите времето со мене.

Марија: Зошто мислите така?

Софија: Затоа што јас не верувам во Бог.

Марија: Ја ценам Вашата искреност. Дали отсекогаш не сте верувале во Бог?

Софија: Не, порано одев во црква, но веќе одамна престанав.

Марија: Извинете, не Ви се претставив. Јас сум Марија.

Софија: Мило ми е, јас сум Софија.

Марија: Ако не Ви пречи, може ли да прашам зошто престанавте да верувате во Бог?

Софија: Пред седумнаесет години мајка ми имаше сообраќајка.

Марија: Многу ми е жал. Дали беше повредена?

Софија: Оттогаш е во инвалидска количка.

Марија: Мора да Ви е многу тешко.

Софија: Да. Ако постои Бог, зошто дозволи да се случи тоа? Со што заслуживме толку да страдаме?

ДАЛИ Е ПОГРЕШНО ДА СЕ ПРАШУВАШ ЗОШТО?

Марија: Сосема е разбирливо што се чувствувате така. Кога ќе нѐ погоди некоја трагедија, нормално е да се прашуваме зошто ни се случило тоа. Замислете, во Библијата е запишано дека дури и некои верни луѓе ги мачело истото прашање.

Софија: Навистина?

Марија: Да. Може ли да Ви прочитам за еден таков пример?

Софија: Може.

Марија: Видете какво прашање му поставил на Бог еден верен човек кој се викал Авакум. Во 1. поглавје, стихови 2 и 3 од неговата книга, тој напишал: „До кога, Јехова, ќе викам за помош, а ти нема да слушаш? До кога ќе те викам на помош поради насилството, а ти нема да спасиш? Зошто ме тераш да гледам зло?“ Овие прашања се слични на прашањата што ги поставивте Вие, нели?

Софија: Да.

Марија: Бог не му се налутил на Авакум што ги поставил тие прашања. Исто така, не му рекол дека има слаба вера.

Софија: Интересно.

ЈЕХОВА ГИ МРАЗИ СТРАДАЊАТА

Марија: Библијата покажува дека Бог знае кога ни е тешко и воопшто не му е сеедно поради тоа.

Софија: Како мислите?

Марија: Еден пример за тоа е запишан во 2. Мојсеева 3:7. Дали сакате Вие да прочитате?

Софија: Може. „А Јехова продолжи: ‚Ја видов неволјата на мојот народ во Египет чув како се жалат од оние што ги тераат на работа и добро ги знам нивните болки‘.“

Марија: Фала. Според овие зборови, што би рекле, дали Бог гледа кога луѓето страдаат?

Софија: Така излегува.

Марија: Но, Бог не е само нем набљудувач. Да прочитаме уште еднаш како се изразил во последниот дел од библискиот стих. Тој рекол: „Добро ги знам нивните болки“. Дали овие зборови би ги кажал еден незаинтересиран, бесчувствителен Бог?

Софија: Не.

Марија: Се разбира, едно е некој да е свесен во каква ситуација сме, но сосема друго е да му е жал заради она што ни се случува.

Софија: Така е.

Марија: Во врска со тоа, да прочитаме за една ситуација кога Божјиот народ страдал. Тоа е запишано во Исаија 63:9. Првиот дел од овој стих гласи: „Во сите нивни неволји тој чувствуваше болка“. Ова јасно покажува дека Бог го болело кога страдал неговиот народ, нели?

Софија: Да.

Марија: Значи, Бог многу нѐ сака и ги мрази страдањата. Кога нас ни е тешко, и нему му е тешко.

ЗОШТО НЕ НАПРАВИ НЕШТО?

Марија: Пред да си одам, би сакала да Ви прочитам уште една мисла.

Софија: Во ред.

Марија: Видете што ни кажува Библијата за моќта на Бог. Тоа е запишано во Еремија 10:12. Дали би сакале и овој стих да го прочитате Вие?

Софија: Тука пишува: „Тој ја направи земјата со својата сила ја зацврсти плодната почва со својата мудрост и ги распна небесата со својата разборитост“.

Марија: Фала. Да размислиме малку за ова. Зар Бог не треба да има огромна моќ за да ја создаде бескрајната вселена и сѐ што е во неа?

Софија: Секако.

Марија: Ако Бог може да создаде сѐ, тогаш сигурно може и да му стави крај на злото.

Софија: Логично.

Марија: Сега помислете на својата мајка. Зошто Ви е тешко да гледате како страда?

Софија: Затоа што ми е мајка и ја сакам.

Марија: А кога би имале моќ да ја излекувате, дали веднаш би го направиле тоа?

Софија: Се разбира.

Марија: Како што видовме, Библијата кажува дека Бог гледа кога страдаме, дека ја чувствува нашата болка и дека има неограничена моќ. Тогаш, можете ли да си замислите колку многу треба да се воздржува за да не им стави веднаш крај на сите наши страдања?

Софија: Не сум помислила на ова досега.

Марија: Можно ли е Бог да има силна причина поради која сѐ уште не им става крај на нашите проблеми?a

Софија: Хм, би требало.

Марија: Слушам дека телефонот Ви ѕвони. Ако не Ви пречи, ќе поминам другпат за да го продолжиме разговорот.

Софија: Слободно дојдете.b

Дали имаш прашање за кое сакаш да дознаеш каков одговор дава Библијата? Дали сакаш да дознаеш нешто повеќе за Јеховините сведоци и нивните верувања? Тогаш, следниот пат кога ќе сретнеш некој од нив, слободно прашај го сѐ што те интересира. Сигурно со задоволство ќе ти одговори.

a Нешто повеќе можеш да прочиташ во 11. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

b Во некоја следна статија од оваа рубрика ќе биде даден одговорот на прашањето зошто Бог ги допушта страдањата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели