ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ШТО НАПРАВИЛ ИСУС ЗА НАС?
Годишнина од смртта на Исус — кога и каде ќе се одбележи?
Ноќта пред да умре, Исус им кажал на своите ученици да се сеќаваат на жртвата која требало да ја даде. Тој рекол: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19).
Оваа година, смртта на Исус ќе се одбележи по зајдисонце во петок, 3 април. Јеховините сведоци срдечно те покануваат тебе и твоето семејство на краткиот говор што ќе се одржи во оваа прилика. Од говорот ќе дознаеме зошто смртта на Исус е од големо значење за нас.