ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/4 стр. 8-9
  • Три прашања ми го сменија животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Три прашања ми го сменија животот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Како некои добиле одговори
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Од устата на младенците“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Никогаш не престанав да учам
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Во потрага по рајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/4 стр. 8-9

БИБЛИЈАТА МЕНУВА ЖИВОТИ

Три прашања ми го сменија животот

Раскажала Дорис Елдред

  • РОДЕНА: 1949

  • ЗЕМЈА: САД

  • НЕКОГАШ: ЈА БАРАЛА СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

Дорис Елдред како млада наставничка

МОЕТО МИНАТО

Пораснав во Анкрам, гратче во државата Њујорк (САД) во кое имаше многу млекарници. Всушност, во него имаше повеќе крави отколку луѓе.

Моето семејство редовно одеше во единствената црква во гратчето. Во недела наутро, дедо ми ќе ми ги исчистеше чевлите и ќе ме испратеше во неделното училиште со една мала бела Библија што ми ја даде баба ми. Заедно со брат ми и сестра ми бевме поучувани да работиме вредно, да ги почитуваме другите да помагаме и да бидеме благодарни за убавите работи што ги имаме.

Откако пораснав, си заминав од дома и станав наставничка. Кога размислував за моите ученици, ми се појавија многу прашања во врска со Бог и со животот. Некои од учениците беа многу талентирани, а други не беа толку талентирани, но многу се трудеа. Некои имаа физички инвалидитет, додека други имаа големи физички способности. Мислев дека тоа не е фер. Понекогаш родителите на децата кои имаа некаков физички или ментален хендикеп ќе речеа, „Така сакал Бог“. Се прашував зошто Бог дозволува некои бебиња да се родат со хендикеп. На крајот на краиштата, бебињата не направиле ништо лошо.

Исто така, се прашував: ‚Каква смисла има мојот живот?‘ Чувствував како годините брзо минуваат. Пораснав во добро семејство, одев во добри училишта и имав работа што ја сакав. Но, сепак не бев вистински среќна и исполнета. Во најдобар случај, се надевав дека ќе се омажам, ќе имам убав дом, ќе имам деца, ќе работам додека не дојде времето да одам во пензија и ќе доживеам длабока старост. Се прашував дали животот има некоја повозвишена цел.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ

Едно лето, отидов на патување низ Европа со некои колешки. Ја посетивме Вестминстерската Опатија, бевме во Нотр Дам во Париз, во Ватикан и во многу други помали цркви. Каде и да одев, ги поставував моите прашања. Откако се вратив дома во Слотсбург, Њујорк, отидов во неколку цркви. Но, никаде не можев да најдам задоволувачки одговори.

Еден ден, една ученичка која имаше 12 години дојде кај мене и ми постави три прашања. Прво, ме праша дали знам дека е Јеховин сведок. Ѝ реков да. Потоа ме праша дали сакам да дознаам нешто повеќе за Јеховините сведоци. Повторно реков да. И на крај ме праша каде живеам. Кога ѝ ја кажав адресата, сфативме дека живеам многу близу до неа. Ни на крај памет не ми паѓаше дека трите прашања што ми ги постави ова мало девојче ќе ми го сменат животот од корен.

Кратко потоа, девојчето со својот велосипед дојде во мојот дом и почна да ја проучува Библијата со мене. Ѝ ги поставив прашањата што им ги поставував на голем број свештеници. За разлика од нив, таа ми ги покажа одговорите во мојата Библија — одговори кои ми звучеа многу логично и кои никогаш претходно ги немав чуено.

Тоа што го учев од Библијата ме исполни со радост и задоволство. Голем впечаток ми оставија зборовите запишани во 1. Јованово 5:19: „Целиот свет е под власта на Злобниот“. Многу ми олесни кога дознав дека Бог не им предизвикува болка и тага на луѓето, туку Сатана. Исто така, ме утеши тоа што дознав дека Бог ќе ја надомести сета штета што ја нанел Ѓаволот (Откровение 21:3, 4). Кога некој добро ќе ти го објасни тоа што е запишано во Библијата, сѐ си има логика. Иако девојчето што ја проучуваше Библијата со мене имаше само 12 години, сфатив дека вистината си е вистина без оглед на тоа кој ја зборува.

И покрај тоа, сакав да се уверам дека Сведоците постапуваат во склад со тоа што го проповедаат. На пример, девојчето истакна дека вистинските христијани се стрпливи и љубезни (Галатите 5:22, 23). Затоа, решив да проверам дали таа самата ги покажува овие особини. Еден ден, намерно не бев дома во времето што ни беше договорено за проучување. Се прашував: ‚Дали ќе ме почека? Ако ме чека, дали ќе биде лута што доцнам?‘ Додека паркирав, ја видов како стои на скалите од мојот дом. Се стрча кон колата и ми рече: „Сакав да си отидам дома и да ѝ кажам на мама дека треба да се јавуваме по болниците или во полиција за да видиме дали си добро. Ти секогаш си дома кога треба да проучуваме. Се загрижив за тебе“.

Во друга прилика, ѝ поставив прашање кое мислев дека е претешко за девојче на 12 години. Сакав да видам дали ќе измисли нешто само за да ми даде одговор. Кога ѝ го поставив прашањето, таа сериозно ме погледна и ми рече: „Тоа е тешко прашање. Ќе го запишам за да ги прашам татко ми и мајка ми“. Следниот пат кога дојде да проучуваме, ми донесе едно издание на Стражарска кула во кое се наоѓаше одговорот на моето прашање. Ова многу ми се допадна кај Сведоците — нивните публикации ми дадоа библиски одговор на сите мои прашања. Продолжив да проучувам со тоа девојче, и една година подоцна станав Јеховин сведок.a

Дорис Елдред денес

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА

Откако добив логични одговори на моите прашања, сакав да ги споделувам со другите (Матеј 12:35). На почеток, роднините ми се противеа поради моите нови верувања. Но со текот на времето, го сменија својот став. Кратко пред да почине, мајка ми почна да ја проучува Библијата. Иако не дочека да се крсти, уверена сум дека беше решена да му служи на Јехова.

Во 1978 год., се омажив за еден Сведок по име Илајас Казан. Во 1981 год., Илајас и јас станавме членови на бетелското семејство во САД.b За жал, откако служевме само четири години во Бетел, Илајас почина. Иако останав вдовица, продолжив да служам во Бетел. Тоа ми помогна да бидам зафатена и да најдам извесна мера утеха.

Во 2006 год., се омажив за Ричард Елдред, член на бетелското семејство. Заедно продолживме радосно да служиме во Бетел. Вистината за Бог ми даде одговор на многу прашања и ми даде смисла во животот. Сѐ започна со трите прашања на малото девојче.

a Девојчето и нејзините браќа и сестри им помогнале на пет наставници да ја дознаат вистината од Библијата и да почнат да му служат на Јехова.

b „Бетел“, што значи „Божји дом“, е израз кој го користат Јеховините сведоци за своите подружници низ целиот свет (1. Мојсеева 28:17, 19, фуснота). Членовите на бетелското семејство вршат различни задачи со кои се поддржува проповедничкото дело на Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели