ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 5 стр. 3
  • На сите ни е потребна утеха

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На сите ни е потребна утеха
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Сличен материјал
  • Утеха во тешки времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Дај им утеха на оние што жалат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Утеха за жртвите на злоупотреба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Утеха од ‚Богот на секоја утеха‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 5 стр. 3

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КАДЕ ДА НАЈДЕШ УТЕХА?

На сите ни е потребна утеха

Една мајка го теши своето синче

Сигурно ти се случило како дете да паднеш на земја. Можеби си ја повреди раката или си го чукна коленото. Се сеќаваш ли што направи мајка ти за да те утеши? Веројатно ти ја исчисти раната и ја завитка со завој. Иако плачеше, нејзините утешни зборови и топлата прегратка брзо те смирија. Кога беше дете, секогаш се наоѓаше некој што ќе те утеши.

Но, како што минуваат годините, животот станува сѐ потежок. Проблемите се зголемуваат, а утеха има сѐ помалку. За жал, проблемите на возрасните ретко можат да се решат со малку завој и топла мајчинска прегратка. Да разгледаме неколку примери.

  • Дали некогаш ти се случило ненадејно да останеш без работа? Еден човек по име Хулијан бил шокиран кога го отпуштиле од работа. „Како ќе го издржувам семејството?“, се прашувал. „Како е можно фирмата да ме смета за бескорисен кога со години добро си ја вршев работата?“

  • Можеби си скршен поради тоа што твојот брак се распаднал. Ракел вели: „Кога пред 18 месеци маж ми неочекувано ме напушти, почувствував огромна тага. Како срцето да ми се расцепи на две. Доживеав и физичка и емоционална болка. Се прашував како ќе продолжам понатаму“.

  • Што ако имаш тежок здравствен проблем и не гледаш никакви знаци на подобрување? Можеби на моменти се чувствуваш како семејниот поглавар Јов, кој повеќе не сакал да живее и својата тага ја изразил со зборовите: „Ѝ одмилеа животот на мојата душа“ (Јов 10:1). Или можеби се чувствуваш како Луис, кој е во своите 80-ти години. Тој вели: „Понекогаш ми се чини како секој ден да чекам да умрам“.

  • Или, пак, можеби копнееш по утеха бидејќи ти умрел некој близок. „Кога син ми загина во трагична авионска несреќа, мојата прва реакција беше неверување“, вели Роберт. „Потоа дојде болката, онаа болка што Библијата ја опишува како некој да те прободува со меч“ (Лука 2:35).

Роберт, Луис, Ракел и Хулијан пронашле утеха дури и во тие тешки ситуации. Таа дошла од најсигурниот извор на утеха, од Семоќниот Бог. Како тој ни дава утеха? Дали може да ти помогне и тебе да најдеш утеха?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели