ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w17 Август стр. 3-7
  • Дали си спремен стрпливо да чекаш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си спремен стрпливо да чекаш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО Е СТРПЛИВОСТ?
  • ВЕРНИ БОЖЈИ СЛУГИ КОИ ПОКАЖАЛЕ СТРПЛИВОСТ
  • ШТО ЌЕ НИ ПОМОГНЕ СТРПЛИВО ДА ЧЕКАМЕ?
  • Продолжи да покажуваш стрпливост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Можеш ли да покажуваш стрпливост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Учи од стрпливоста на Јехова и Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали си спремен да чекаш на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
w17 Август стр. 3-7
Земјоделец во библиски времиња гледа преку полињата

Дали си спремен стрпливо да чекаш?

И вие бидете стрпливи (ЈАК. 5:8)

ПЕСНИ: 78, 139

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што значи да се биде стрплив?

  • Што им помогнало на некои Божји слуги од минатото спремно да чекаат на Јехова?

  • Како Јехова и Исус покажале дека се спремни да чекаат?

1, 2. а) Што може нас да нѐ натера да прашаме: „До кога, Јехова?“ б) Зошто може да нѐ охрабрат примерите на верни Божји слуги од минатото?

„ДО КОГА Јехова?“ Ова прашање го поставиле верните пророци Исаија и Авакум (Иса. 6:11; Авак. 1:2). Кога го пишувал Псалм 13, цар Давид четири пати го поставил истото прашање (Пс. 13:1, 2). Дури и Исус Христос, кога бил опкружен со луѓе кои немале вера, прашал: „До кога?“ (Мат. 17:17). Можеби и ние некогаш си го поставуваме ова прашање.

2 Што може нас да нѐ натера да прашаме: „До кога, Јехова?“ Можеби сме претрпеле некоја неправда. Можеби се бориме со старост или болест, а можеби се чувствуваме под притисок поради тоа што живееме во „особено тешки времиња“ (2. Тим. 3:1). Можеби ни ја црпат силата погрешните ставови и постапки на луѓето околу нас. Без разлика која е причината, охрабрувачки е тоа што знаеме дека Јехова не ги осудил своите верни слуги од минатото кои го поставиле тоа прашање.

3. Што може да ни помогне кога ќе се најдеме во тешка ситуација?

3 Што може да ни помогне да истраеме кога ќе се најдеме во тешки ситуации? Јаков, братот на Исус, под водство на светиот дух напишал: „Затоа, браќа, бидете стрпливи до времето на присутноста на Господарот“ (Јак. 5:7). Значи, сите ние треба да сме стрпливи. Но, што е стрпливост, и како можеме да ја покажуваме оваа убава особина?

ШТО Е СТРПЛИВОСТ?

4, 5. а) Што е стрпливост, и со што е поврзана оваа особина? б) На кој начин Јаков истакнал еден важен аспект на стрпливоста? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)

4 Според Библијата, стрпливоста може да ја развиеме само под влијание на светиот дух. Без помошта од Бог, несовршените луѓе не можат да ја покажат оваа особина во онолкава мера колку што е потребно. Стрпливоста е дар од Бог. Кога сме стрпливи, покажуваме дека ги сакаме Јехова и другите, а кога не сме стрпливи, љубовта меѓу нас и другите оладува (1. Кор. 13:4; Гал. 5:22). Стрпливоста е поврзана со други важни христијански особини. Една од нив е истрајноста која ни овозможува да издржиме во тешки ситуации и да зачуваме позитивен став (Кол. 1:11; Јак. 1:3, 4). Исто така, стрпливоста ни помага да не се одмаздуваме кога доживуваме неправда и да му останеме верни на Јехова без разлика со што се соочуваме. Освен тоа, Библијата нѐ поттикнува спремно да ја прифатиме потребата да чекаме. Овој важен аспект на стрпливоста е истакнат во Јаков 5:7, 8. (Прочитај.)

5 Зошто треба спремно да чекаме Јехова да ги исполни своите ветувања? Јаков ја споредил нашата ситуација со ситуацијата на еден земјоделец. Иако земјоделецот напорно работи за да го посее семето, тој нема контрола врз временските услови и врз тоа колку брзо ќе никне. Земјоделецот го прифаќа фактот дека треба стрпливо да го чека „драгоцениот плод од земјата“. На сличен начин, бидејќи немаме контрола врз многу работи, и ние мора стрпливо да чекаме да се исполнат Јеховините ветувања (Мар. 13:32, 33; Дела 1:7).

6. Што можеме да научиме од примерот на пророкот Михеј?

6 Условите во кои живееме денес се слични на условите во времето на пророкот Михеј. Тој живеел во период кога владеел злобниот цар Ахаз и кога злобата преовладувала на секој чекор. Всушност, луѓето биле толку расипани што станале многу вешти во правењето лоши работи. (Прочитај Михеј 7:1-3.) Михеј знаел дека не може да ја смени ситуацијата. Но, што можел да направи? Тој рекол: „Јас ќе гледам кон Јехова. Готов сум да го чекам Богот на моето спасение. Мојот Бог ќе ме услиши“ (Мих. 7:7). Исто како Михеј, и ние треба спремно да чекаме.

7. Каков став треба да имаме додека чекаме Јехова да ги исполни своите ветувања?

7 Ако имаме вера како Михеј, спремно ќе чекаме на Јехова. Нашата ситуација не е како ситуацијата на еден затвореник кој во својата ќелија чека да биде погубен. Тој не го очекува со радост денот на своето погубување, туку е принуден да чека. Со нас е многу поинаку. Ние сме спремни да чекаме на Јехова затоа што знаеме дека тој токму во вистинско време ќе го исполни своето ветување да ни даде вечен живот. Затоа истрајуваме со стрпливост и со радост (Кол. 1:11, 12). Додека чекаме, треба да внимаваме да не приговараме дека Јехова доцни со исполнувањето на своите ветувања. Ако го правиме тоа, ќе го разочараме (Кол. 3:12).

ВЕРНИ БОЖЈИ СЛУГИ КОИ ПОКАЖАЛЕ СТРПЛИВОСТ

8. Што треба да имаме на ум додека размислуваме за примерите на верни мажи и жени од минатото?

8 Што може да ни помогне спремно да чекаме? Тоа што ќе размислуваме за верни мажи и жени од минатото кои стрпливо чекале Јехова да ги исполни своите ветувања (Рим. 15:4). Додека размислуваме за нивниот пример, добро е да имаме на ум колку долго требало да чекаат, зошто биле спремни да чекаат и кои благослови ги добиле поради нивната стрпливост.

Авраам со Исак, Ревека, и со своите внуци Исав и Јаков

Авраам морал да чека многу години за да се родат неговите внуци Исав и Јаков (Види во пасуси 9-10)

9, 10. Колку долго Авраам и Сара чекале за да се исполнат некои од ветувањата што им ги дал Јехова?

9 Размисли за примерот на Авраам и Сара. Бидејќи покажале „вера и стрпливост“ го наследиле „она што е ветено“. Библијата ни открива дека откако Авраам покажал стрпливост, Јехова му ветил дека ќе го благослови и дека ќе го намножи неговото потомство (Евр. 6:12, 15). Бидејќи требало да помине време за да се исполни ова ветување, Авраам морал повторно да покаже стрпливост. На 14 нисан 1943 год. пр. н.е., Авраам и Сара и сите во неговото домаќинство ја преминале реката Еуфрат и влегле во Ветената земја. Но, Авраам требало да чека уште 25 години за да се роди неговиот син Исак и уште 60 години за да се родат неговите внуци Исав и Јаков (Евр. 11:9).

10 Колкав дел од Ветената земја добил Авраам во наследство? Во Библијата пишува: „[Јехова] не му даде [на Авраам] наследство во неа, ниту една стапка, туку му вети дека ќе му ја даде во сопственост, нему и на неговото потомство по него, додека уште немаше деца“ (Дела 7:5). Откако Авраам ја преминал реката Еуфрат поминале уште цели 430 години пред неговите потомци да станат народ кој требало да се насели во таа земја (2. Мој. 12:40-42; Гал. 3:17).

11. Зошто Авраам спремно чекал, и на што ќе се радува кога ќе воскресне?

11 Авраам спремно чекал затоа што бил уверен дека Јехова ќе ги исполни ветувањата што му ги дал. Тој имал вера во Јехова. (Прочитај Евреите 11:8-12.) Авраам бил спремен да чека иако не го доживеал исполнувањето на сите Божји ветувања. Но, замисли си колку ќе биде радосен кога ќе воскресне во рајот на Земјата! Ќе биде изненаден кога ќе дознае во колкав дел од Библијата се зборува за него и за неговите потомци.a Сигурно ќе биде пресреќен кога ќе разбере дека имал клучна улога во исполнувањето на Јеховината намера во врска со ветениот Месија. Без сомнение, ќе сфати дека тоа што толку долго чекал навистина вредело.

12, 13. Зошто на Јосиф му била потребна стрпливост, и каков позитивен став имал?

12 Јосиф, правнукот на Авраам, исто така бил спремен да чека. Тој бил жртва на неколку ужасни неправди. Неговите браќа го продале како роб кога имал околу 17 години. Подоцна, бил лажно обвинет дека се обидел да ја силува жената на неговиот господар, и поради тоа бил фрлен во затвор (1. Мој. 39:11-20; Пс. 105:17, 18). Иако Јосиф му бил верен на Бог, на прв поглед изгледало дека поради тоа бил казнет, а не благословен. Но по 13 години, сѐ се сменило и тоа преку ноќ. Јосиф бил пуштен од затвор и станал моќен владетел во Египет, втор човек по фараонот (1. Мој. 41:14, 37-43; Дела 7:9, 10).

13 Дали Јосиф станал огорчен поради неправдите што ги доживеал? Дали си мислел дека Јехова го напуштил? Не. Јосиф стрпливо чекал. Што му помогнало? Тоа што имал вера во Јехова. Јосиф знаел дека Јехова има контрола над ситуацијата. Ова се гледа од она што им го кажал на своите браќа: „Не плашете се! Зар сум јас на местото на Бог? Вие мислевте да ми нанесете зло, но Бог тоа го сврте на добро за да го направи она што се случува денес — да им го зачува животот на многу луѓе“ (1. Мој. 50:19, 20). Јосиф знаел дека вреди да чека Јехова да го благослови.

14, 15. а) Што ти остава впечаток во врска со стрпливоста на Давид? б) Што му помогнало на Давид стрпливо да чека?

14 И цар Давид претрпил многу неправди. Иако Јехова го помазал за цар на Израел кога бил млад, тој морал да чека околу 15 години за да стане цар на своето племе (2. Сам. 2:3, 4). Некое време во текот на тој период, Давид морал да бега од цар Саул кој сакал да го убие.b Поради тоа, бил принуден да се крие во пештери и да живее во туѓа земја. Дури и откако Саул загинал во битка и Давид станал цар на Јуда, тој морал да чека уште седум години пред да стане цар над целиот Израел (2. Сам. 5:4, 5).

15 Зошто Давид бил спремен стрпливо да чека? Тој го дава одговорот во истиот псалм во кој четири пати прашал: „До кога?“ Давид рекол: „Јас имам доверба во твојата лојална љубов, моето срце нека се радува поради спасението што го даваш ти. Ќе му пеам на Јехова, зашто е добар кон мене“ (Пс. 13:5, 6, фус.). Давид знаел дека Јехова го сака и дека секогаш ќе му биде верен. Размислувал како Јехова му помагал во минатото и со радост го чекал времето кога тој ќе му стави крај на неговото страдање. Давид знаел дека вреди да чека за да ги добие благословите од Јехова.

Јехова не очекува од нас нешто што самиот не е спремен да го прави

16, 17. Како Јехова и Исус покажале дека се спремни да чекаат?

16 Јехова не бара од нас да правиме нешто што тој самиот не е спремен да го прави. Тој ни оставил најдобар пример за тоа што значи некој спремно да чека. (Прочитај 2. Петрово 3:9.) Во рајската градина Сатана го обвинил Јехова дека е неправеден. Оттогаш, Јехова веќе илјадници години стрпливо чека да дојде времето кога потполно ќе го посвети своето име. Кога тоа ќе се случи, оние „што го чекаат него“ ќе добијат прекрасни благослови (Иса. 30:18).

17 Исус исто така бил спремен да чека. Кога бил на Земјата, тој останал верен до својата смрт. Во 33 год. од н.е., Исус на небото му ја принел на Јехова вредноста на својата жртва. Но, тој требало да чека сѐ до 1914 год. за да почне да владее како цар (Дела 2:33-35; Евр. 10:12, 13). Освен тоа, Исус треба да чека до крајот на неговото илјадагодишно владеење за да бидат уништени сите негови непријатели (1. Кор. 15:25). Тоа навистина е долг период, но можеме да бидеме сигурни дека вреди тоа што стрпливо чека.

ШТО ЌЕ НИ ПОМОГНЕ СТРПЛИВО ДА ЧЕКАМЕ?

18, 19. Што ќе ни помогне спремно и стрпливо да чекаме?

18 Се разбира, Јехова сака да бидеме стрпливи и спремно да чекаме. Што ќе ни помогне во тоа? Треба да се молиме за свет дух. Да не заборавиме дека стрпливоста е плод на светиот дух (Еф. 3:16; 6:18; 1. Сол. 5:17-19). Затоа, сесрдно моли го Јехова да ти помага стрпливо да чекаш.

19 Исто така, добро е да имаме на ум што им помогнало на Авраам, Јосиф и Давид стрпливо да чекаат Јехова да ги исполни своите ветувања. Тие имале вера и доверба во Јехова. Не мислеле само на себеси и на својата удобност. Кога размислуваме за благословите што ги добиле, и ние сме поттикнати стрпливо да чекаме.

20. Што треба да бидеме решени да правиме?

20 Иако доживуваме различни неволји, решени сме спремно да чекаме. Понекогаш можеби и ние прашуваме: „До кога, Јехова?“ (Иса. 6:11). Но, со помошта од светиот дух можеме да покажеме ист став како пророкот Еремија, кој рекол: „Јехова е моето наследство... затоа спремно ќе го чекам“ (Плач 3:21, 24).

a Околу 15 поглавја од книгата 1. Мојсеева зборуваат за животот на Авраам. Освен тоа, писателите на Христијанските грчки списи го спомнуваат Авраам повеќе од 70 пати.

b Јехова го отфрлил Саул откако владеел нешто повеќе од две години. Сепак, тој продолжил да владее како цар уште 38 години, сѐ до својата смрт (1. Сам. 13:1; Дела 13:21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели