ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp18 Бр. 1 стр. 3
  • Дали советите од Библијата важат и денес?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали советите од Библијата важат и денес?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Сличен материјал
  • Вовед
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Практична книга за современиот живот
    Книга за сите луѓе
  • Помош при преведувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Задржи урамнотежен став кон компјутерската технологија
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
wp18 Бр. 1 стр. 3
Астронаут, авион, научник, семејство и човек кој ја чита Библијата

Дали советите од Библијата важат и денес?

НЕКОИ ЌЕ РЕЧАТ НЕ. Според еден лекар, да ја користиш Библијата како водич во животот е исто како да користиш учебник од 1920-тите за да предаваш хемија. Други даваат сличен пример — дали ќе користиш упатство за стар, неупотреблив компјутер за да научиш да ракуваш со современ компјутер?

Зошто некој би користел толку стара книга во овој свет на напредна технологија? Има безброј интернет-страници и форуми на кои постојано се објавуваат најнови совети за животот. Во многу емисии може да чуеме мислење од искусни експерти, психолози, советници и автори. Освен тоа, се продаваат огромен број книги за самопомош, бизнис кој носи милијарди долари.

Зошто некој би се интересирал за Библијата, која е стара речиси 2.000 години, кога имаме толку нови информации? Зарем не се во право луѓето што тврдат дека да бараш совети од толку стара книга е исто како да користиш застарен учебник по хемија или старо упатство за компјутери? Всушност, ваквите споредби не се соодветни. Зошто? Науката и технологијата брзо се менуваат, но дали се сменила човечката природа? Луѓето сѐ уште сакаат да најдат смисла во животот, да бидат среќни, да се чувствуваат сигурно, да имаат разбирање во семејството и да имаат блиски пријатели.

Иако Библијата била напишана толку одамна, таа ни помага на многу подрачја од животот. Освен тоа, во неа пишува дека нејзин автор е нашиот Творец. Таа може да ни даде водство на секое поле во животот и да ни помогне да се справиме со проблемите (2. Тимотеј 3:16, 17). Исто така, Библијата тврди дека нејзините совети никогаш не застаруваат, дека тоа се совети кои времето никогаш нема да ги прегази! Во неа пишува: „Речта Божја е жива“ (Евреите 4:12).

Дали Библијата е навистина таква книга? Дали е застарена или, пак, е најпрактичната книга што постои? Дали е жива книга? Овој број на Стражарска кула, прв од серија специјални изданија, ќе ти помогне да го дознаеш одговорот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели