ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w18 Февруари стр. 13-17
  • За Јехова сѐ е возможно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За Јехова сѐ е возможно
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • РАБОТА ОД УТРО ДО МРАК
  • КАКО ВИСТИНАТА СТИГНА ВО КИРГИСТАН
  • ВИСТИНАТА СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО МОЈОТ РОДЕН КРАЈ
  • ЖЕНА МИ МНОГУ БРЗО ЈА ПРИФАЌА ВИСТИНАТА
  • СОСТАНОЦИ И КРШТАВАЊЕ ПОД ЗАБРАНА
  • ЈА КОРИСТИМЕ ПРИЛИКАТА ДА СИ ЈА ЗГОЛЕМИМЕ СЛУЖБАТА
  • ЗАФАТЕНИ СО СЕМЕЈНИ И ДУХОВНИ АКТИВНОСТИ
  • ЗНАЧАЈНИ ПРОМЕНИ
  • Среќен сум што сум пастир
    Разбудете се! 2011
  • Никогаш не зажали за одлуката што ја донел во младоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Содржина
    Разбудете се! 2016
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
w18 Февруари стр. 13-17
Бејшенбај Бердибаев

ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

За Јехова сѐ е возможно

Раскажал Бејшенбај Бердибаев

„СМРТТА повеќе нема да постои, па дури и мртвите ќе бидат вратени во живот.“ Жена ми Мајрамбиби ги наслушнала овие зборови додека патувала со автобус. Таа била љубопитна и сакала да дознае повеќе. Кога автобусот застанал и патниците се симнале, Мајрамбиби потрчала по жената која ги кажала овие зборови. Таа се викала Апун Мамбетсадикова и била Јеховин сведок. Во тоа време беше опасно да се зборува со Сведоците, но она што подоцна го научивме од Апун изврши големо влијание врз нашиот живот.

РАБОТА ОД УТРО ДО МРАК

Роден сум во 1937 год. на колхоз, колективна селска фарма во близина на Токмок (Киргистан). Јас и моето семејство сме Киргизи и го зборуваме киргискиот јазик. Моите родители работеа на фармата од утро до мрак. На работниците редовно им се даваше храна, но плата добиваа само еднаш годишно. Мајка ми едвај успеваше да се грижи за мене и за мојата помала сестра. На училиште одев само пет години, а потоа и јас почнав да работам на фармата.

Карта на Киргистан
Планинскиот венец Тескеј Ала-Ту

Планинскиот венец Тескеј Ала-Ту

Во областа во која живеев, сиромаштијата беше многу раширена, и требаше да работиш ден и ноќ за да врзеш крај со крај. Како млад, не размислував за смислата на животот ниту, пак, за иднината. Никогаш не помислував дека прекрасните вистини за Јехова Бог и неговата намера ќе ми го сменат животот од корен. Приказната за тоа како библиската порака стигна до Киргистан и како се рашири тука навистина е возбудлива. Сѐ започна во регионот каде што живеев јас во северен Киргистан.

КАКО ВИСТИНАТА СТИГНА ВО КИРГИСТАН

Вистината за Јехова Бог се појавила во Киргистан во 1950-тите. Таа морала да се бори со една длабоко вкоренета идеологија. Зошто? Во тоа време, Киргистан беше дел од Советскиот Сојуз. Во сите земји кои беа дел од него, Јеховините сведоци останале неутрални во политички поглед (Јован 18:36). Затоа, комунистичките власти ги прогонувале како непријатели на државата. Но, ниту една идеологија не може да спречи пораката од Божјата Реч да стигне до искрените лица. Всушност, една од најважните работи што ги научив во мојот долг живот е тоа дека за Јехова „сѐ е возможно“ (Мар. 10:27).

Емил Јанцен

Емил Јанцен

Прогонството на Јеховините сведоци водело до тоа вистината да се прошири и во Киргистан. На кој начин? Во Советскиот Сојуз спаѓаше и областа Сибир во која беа протерувани непријателите на државата. Кога биле ослободени, многу од овие луѓе дошле во Киргистан, а некои од нив ја донеле и вистината. Еден од нив бил и Емил Јанцен кој се родил во Киргистан во 1919 год. Тој бил испратен во работнички логор, и таму се запознал со Сведоците. Ја прифатил вистината и се вратил дома во 1956 год. Емил се доселил во близина на Сокулук, регионот во кој живеев јас. Првото собрание во Киргистан било формирано во Сокулук во 1958 год.

Виктор Винтер

Виктор Винтер

Една година подоцна, Виктор Винтер се преселил во Сокулук. Овој верен брат доживеал многу тешкотии. Во текот на својот живот, поради својата неутралност, два пати издржувал казна затвор од три години, а потоа поминал уште десет години во затвор и пет години во изгнанство. Сепак, прогонството не успеало да го спречи ширењето на вистината.

ВИСТИНАТА СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО МОЈОТ РОДЕН КРАЈ

Едуард Вартер

Едуард Вартер

Во 1963 год., во Киргистан имало околу 160 Сведоци. Повеќето од нив биле од Германија, Украина и Русија. Меѓу нив бил Едуард Вартер кој се крстил во Германија во 1924 год. Во 1940-тите, нацистите го испратиле во концентрационен логор, а неколку години подоцна комунистите од Советскиот Сојуз го протерале на Сибир. Во 1961 год., овој верен брат се преселил во градот Кант, кој се наоѓа многу блиску до моето родно место.

Елизабет Фот; Аксамај Султаналиева

Елизабет Фот; Аксамај Султаналиева

Во Кант живеела и Елизабет Фот, една верна сестра која работела како шивачка. Бидејќи била вешта во својата работа, кај неа шиеле облека угледни лица, како на пример лекари и учители. Една од нејзините муштерии била и Аксамај Султаналиева, која му била жена на еден службеник што работел во Јавното обвинителство. Во една прилика кога дошла кај Елизабет, ѝ поставила многу прашања во врска со смислата на животот и состојбата на мртвите. Елизабет ѝ одговорила на прашањата со помош на Библијата. Аксамај почнала ревносно да ја проповеда добрата вест.

Николај Чимпоеш

Николај Чимпоеш

Некаде во тоа време, Николај Чимпоеш од Молдавија бил наименуван како покраински надгледник. Таа задача ја вршеше речиси 30 години. Освен што ги посетувал собранијата, Николај го организирал умножувањето и разнесувањето на нашата литература. Тоа не останало незабележано од страна на властите. Затоа, Едуард Вартер му дал на Николај неколку охрабрувачки совети: „Кога властите ќе те испрашуваат, отворено кажи им дека литературата ја добиваме од нашето главно седиште во Бруклин. Гледај го агентот на КГБ право во очи. Нема од што да се плашиш“ (Мат. 10:19).

Кратко по овој разговор, Николај бил одведен во штабот на КГБ во Кант. Тој раскажува што се случило потоа: „Агентот ме праша од каде ја добиваме литературата. Му кажав дека ја добиваме од Бруклин. Тој не знаеше што да ми каже. Ме пушти да си одам и никогаш повторно не ме викна“. Таквите бестрашни Сведоци продолжиле претпазливо да ја шират добрата вест во мојот роден крај во северен Киргистан. Кога скапоцената вистина за Јехова конечно стигна до моето семејство во 1980-тите, жена ми Мајрамбиби беше првата што слушна за неа.

ЖЕНА МИ МНОГУ БРЗО ЈА ПРИФАЌА ВИСТИНАТА

Мајрамбиби потекнува од областа Нарин во Киргистан. Во август 1974 год., таа дојде на гости кај сестра ми. Тогаш за првпат се сретнавме. Тоа беше љубов на прв поглед. Се венчавме истиот ден.

Апун Мамбетсадикова

Апун Мамбетсадикова

Во јануари 1981 год., додека Мајрамбиби одела на пазар со автобус, го наслушнала разговорот кој го спомнав на почетокот. Таа сакала да дознае уште повеќе, и затоа побарала од жената да ѝ ги каже името и адресата. Ѝ кажала дека се вика Апун, но била претпазлива бидејќи активностите на Јеховините сведоци беа забранети дури и во 1980-тите. Наместо да ѝ ја даде својата адреса на жена ми, Апун ја побарала и ја запишала нашата адреса. Жена ми се врати дома многу возбудена.

Ми рече: „Слушнав нешто прекрасно. Една жена ми кажа дека наскоро луѓето нема повеќе да умираат. Дури и дивите животни ќе се скротат“. Мене тоа ми звучеше како бајка. Ѝ кажав: „Ај да почекаме додека не дојде да ни каже нешто повеќе за тоа“.

Апун нѐ посети три месеци подоцна. Посетите продолжија, и така имавме прилика да запознаеме некои од првите Сведоци кои беа Киргизи. Тие сестри ни ги пренесоа прекрасните вистини за Јехова и за неговата намера со човештвото. Нѐ поучуваа за Библијата со помош на книгата Од изгубениот до повторно воспоставениот рајa (From Paradise Lost to Paradise Regained). А бидејќи имаше само една книга во цел Токмок, рачно ја препишавме за себе.

Една од првите работи што ги дознавме беше пророштвото запишано во 1. Мојсеева 3:15, кое ќе се исполни преку Исус како Божји месијански Цар. Оваа важна порака мора секој да ја чуе! Тоа беше уште една добра причина да се вклучиме во нејзиното објавување (Мат. 24:14). Наскоро, библиската вистина почна да го менува нашиот живот.

СОСТАНОЦИ И КРШТАВАЊЕ ПОД ЗАБРАНА

Еден брат во Токмок нѐ покани на свадба. Јас и жена ми веднаш забележавме дека Сведоците се поинакви. На свадбата немаше алкохол и сите се однесуваа пристојно. Ова многу се разликуваше од другите свадби на кои сме биле, каде што честопати гостите се опиваа, се однесуваа непристојно и зборуваа вулгарно.

Присуствувавме и на некои состаноци во собранието во Токмок. Кога времето беше убаво, тие се одржуваа во шума. Бидејќи знаеја дека полицијата постојано нѐ следи, браќата поставуваа стража. Во зима, состаноците се одржуваа во една куќа на Сведоци. Полицијата неколку пати дојде во куќата и сакаше да дознае што правиме. Јас и Мајрамбиби се крстивме во јули 1982 год., во реката Чуи. И во таа прилика моравме да бидеме претпазливи (Мат. 10:16). Браќата дојдоа во помал број и се собраа во шумата. Испеавме една теократска песна и го слушавме говорот за крштавање.

ЈА КОРИСТИМЕ ПРИЛИКАТА ДА СИ ЈА ЗГОЛЕМИМЕ СЛУЖБАТА

Во 1987 год., еден брат ме замоли да посетам некој интересент кој живееше во градот Баликчи. Дотаму требаше да патувам четири часа со воз. Откако неколку пати отидовме до Баликчи, сфативме дека луѓето од тој крај многу се интересираат за вистината. Ова ни даде можност да ја зголемиме службата.

Јас и Мајрамбиби често патувавме до Баликчи. Таму останувавме повеќето викенди, одевме во служба и одржувавме состаноци. Интересот за нашата литература нагло се зголеми. Од Токмок носевме публикации во мишок, вреќа која се користеше за пренесување компири. Секој месец полневме по две вреќи со публикации, но тие едвај стигнуваа за да ги задоволат потребите на интересентите. Дури и додека патувавме со воз до Баликчи, и додека се враќавме назад, им сведочевме на патниците.

Во 1995 год., во Баликчи беше формирано собрание — осум години по нашата прва посета на тој град. Патувањата од Токмок до Баликчи сите тие години чинеа многу пари. Како успевавме да ги покриваме тие трошоци? Еден брат редовно ни даваше пари за тие патувања. Јехова виде дека имаме желба да ја зголемиме службата, и ни ги отвори „небесните брани“ (Мал. 3:10). Тоа јасно ни покажа дека за Јехова навистина сѐ е возможно!

ЗАФАТЕНИ СО СЕМЕЈНИ И ДУХОВНИ АКТИВНОСТИ

Во 1992 год., бев именуван да служам како старешина. Всушност, јас бев првиот Киргиз во земјата кој стана старешина. Во нашето собрание во Токмок, се отворија нови гранки во службата. Водевме голем број библиски курсеви со млади Киргизи кои беа студенти во разни образовни институции. Еден од овие млади лица со кои ја проучувавме Библијата сега служи во Одборот на подружницата, а двајца други се специјални пионери. Исто така, се трудевме да им помагаме и на други кои доаѓаа на нашите состаноци. Во почетокот на 1990-тите, нашите публикации и состаноците беа на руски јазик. Но, на сѐ поголем број објавители во собранието киргискиот им беше мајчин јазик. Затоа јас преведував на состаноците, а тоа им помогна уште повеќе да ја разберат вистината.

Бејшенбај Бердибаев заедно со својата сопруга и осум од нивните деца

Со жена ми и со осум од нашите деца (1989)

Јас и Мајрамбиби бевме зафатени и со грижата за нашето семејство кое сѐ повеќе растеше. Ги носевме децата во служба и на собраниските состаноци. Нашата ќерка Ѓулсајра, уште кога имаше 12 години, многу сакаше да разговара со минувачите на улица и да им кажува за Библијата. Исто така, на нашите деца им причинуваше задоволство да учат напамет библиски стихови. На тој начин, тие, а подоцна и нивните деца, беа многу вклучени во собраниските активности. Од нашите 9 деца и 11 внуци кои уште се живи, 16 му служат на Јехова или доаѓаат на состаноците со своите родители.

ЗНАЧАЈНИ ПРОМЕНИ

Браќата и сестрите кои го започнаа проповедничкото дело во нашиот крај во 1950-тите би биле вчудоневидени кога би ги виделе промените што ги доживеавме. На пример, од 1990-тите имаме повеќе слобода да ја проповедаме добрата вест и да се собираме заедно во поголем број.

Бејшенбај Бердибаев и неговата сопруга му сведочат на еден продавач

Со жена ми во служба

Во 1991 год., јас и жена ми за првпат бевме на голем конгрес. Тој се одржа во градот Алма Ата, денес познат како Алмати (Казахстан). А во 1993 год., за првпат беше одржан конгрес во Киргистан. Тој се одржа на стадионот „Спартак“ во градот Бишкек. Објавителите цела седмица пред конгресот го чистеа стадионот. Управникот беше толку воодушевен што ни дозволи бесплатно да го користиме објектот.

Во 1994 год., се случи уште една значајна работа — беше отпечатена првата наша публикација на киргиски јазик. Денес литературата редовно се преведува на киргиски од преведувачки тим во подружницата во Бишкек. Во 1998 год., делото на Сведоците беше законски признато во Киргистан. Бројот на Јеховините сведоци порасна, и сега имаме повеќе од 5.000 објавители. Денес, имаме вкупно 83 собранија и 25 групи на англиски, кинески, киргиски, руски, руски знаковен, турски, узбечки и ујгурски јазик. Овие мили браќа и сестри од различно потекло обединето му служат на Јехова, кој ги овозможи сите тие значајни промени.

Јехова од корен го смени и мојот живот. Пораснав во обично селско семејство и имам само пет години школување. Сепак, Јехова ми даде можност да служам како старешина сите овие години и да им помогнам на некои луѓе што имаа многу поголемо образование од мене да дознаат за скапоцените вистини од Божјата Реч. Навистина, Јехова прави неверојатни работи. Моето лично искуство ме поттикнува да продолжам верно да сведочам за Јехова, за кого „сѐ е возможно“ (Мат. 19:26).

a Издадена од Јеховините сведоци, но повеќе не се печати.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели