ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 3 стр. 6-7
  • Создадени за да живееме вечно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Создадени за да живееме вечно
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРИЧИНИ ЗА НАДЕЖ
  • ИМАЛЕ ДОЛГ ЖИВОТЕН ВЕК
  • Дали навистина живееле толку долго?
    Разбудете се! 2007
  • Ќе биде уништен последниот непријател — смртта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Што значат за тебе смртта и воскресението на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Можеме да учиме од првиот човечки пар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 3 стр. 6-7
Луѓе се шетаат низ шума и уживаат во природата

Создадени за да живееме вечно

КОЈ од нас нѐ сака да биде среќен и да има долг живот? Замисли колку би било убаво секогаш да бидеме здрави и среќни и да живееме бескрајно! Би можеле да минуваме повеќе време со нашите најмили, да патуваме по светот, да развиваме нови вештини, да стекнуваме сѐ поголемо искуство и да дознаеме сѐ за сите работи што нѐ интересираат.

Зошто секој нормален човек посакува ваков живот? Во Библијата пишува дека Бог всадил таква желба во нас (Проповедник 3:11). Божјата Реч исто така вели дека „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Тогаш, се наметнува прашањето: Зошто еден Бог кој е полн со љубов би нѐ создал со желба да живееме вечно ако би било невозможно да се исполни тоа?

Факт е дека никој не сака да умре. Всушност, Библијата вели дека смртта е немилосрден „непријател“ (1. Коринќаните 15:26). Порано или подоцна, таа ги покосува сите луѓе. На повеќето, и самата помисла за смртта им е одбивна и застрашувачка. Дали овој непријател некогаш ќе биде победен? Можно ли е навистина да ѝ биде ставен крај на смртта?

ПРИЧИНИ ЗА НАДЕЖ

Дали би се изненадил кога би дознал дека Бог никогаш немал намера луѓето да умираат? Библиската книга Прва Мојсеева содржи докази дека Божјата намера била тие да живеат засекогаш на Земјата. Јеховаa ја создал нашата планета со сѐ што е потребно за луѓето да можат да живеат на неа и да бидат среќни. Потоа го создал првиот човек, Адам, и го сместил во рајска градина. На крајот, Бог видел дека сето она што го создал е многу добро (1. Мојсеева 1:26, 31).

Адам бил создаден совршен, сличен на Бог (5. Мојсеева 32:4). И неговата жена Ева била без никаков недостаток — имала совршен ум и тело. Јехова им рекол: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја, и владејте над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата!“ (1. Мојсеева 1:28).

Било потребно време за да можат да ја наполнат Земјата со свои потомци. Ева требало да раѓа деца, и тие требало да имаат свои деца сѐ додека на крајот не ја наполнеле целата Земја со луѓе, токму како што сакал Бог (Исаија 45:18). Зарем Јехова би им дал таква заповед на Адам и на Ева ако имал намера да живеат само кратко време — колку да имаат деца и можеби внуци — и никогаш да не ја видат Земјата наполнета со луѓе?

Освен тоа, Јехова им дал задача да господарат над животните и да се грижат за нив. Адам требало да им даде имиња, а за тоа сигурно му било потребно време (1. Мојсеева 2:19). Но, за да се грижи соодветно за животните, ќе требало да научи многу работи за нив. За тоа ќе му било потребно многу повеќе време.

Значи, тоа што Бог им дал задача на Адам и на Ева да ја наполнат Земјата со луѓе и да господарат над животните покажува дека биле создадени за да живеат долго време. Всушност, Адам навистина живеел многу долго.

БОЖЈАТА НАМЕРА Е ЛУЃЕТО ДА ЖИВЕАТ ЗАСЕКОГАШ ВО РАЈ НА ЗЕМЈАТА

ИМАЛЕ ДОЛГ ЖИВОТЕН ВЕК

Адам

Адам (930 години)

Метузалем

Метузалем (969 години)

Ное

Ное (950 години)

Еден човек денес

Денес (70-80 години)

Библијата покажува дека порано луѓето живееле многу подолго од денес. Таа вели: „Адам живееше вкупно деветстотини и триесет години“. А потоа набројува уште шест други луѓе кои живееле над 900 години. Тоа биле Сет, Енос, Кенан, Јаред, Метузалем и Ное. Сите тие живееле пред Потопот од времето на Ное. Самиот Ное се родил 600 години пред Потопот (1. Мојсеева 5:5-27; 7:6; 9:29). Како било можно да живеат толку долго?

Сите тие се родиле кратко откако Адам и Ева го изгубиле совршенството. Веројатно тоа е една од главните причини за нивната долговечност. Но, каква врска има совршенството со должината на човечкиот живот? И како ќе ѝ биде ставен крај на смртта? За да го дознаеме одговорот на овие прашања, прво мора да разбереме зошто старееме и умираме.

a Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели