ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w19 Април стр. 31
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Сличен материјал
  • „Ниту една душа меѓу вас нема да пострада“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • „Во опасност по море“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Патување до крајот на Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Пловење според водата, небото и ветрот
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
w19 Април стр. 31
Апостол Павле разговара со еден работник покрај товарен брод

Дали сте знаеле?

Како било организирано патувањето со брод во првиот век?

ВО ВРЕМЕТО на апостол Павле главно не постоеле бродови кои пренесувале само патници. За да можат да патуваат со брод, патниците обично морале да се распрашаат дали има товарен брод кој плови до местото во кое сакаат да стигнат и кој прима патници (Дела 21:2, 3). Патниците понекогаш се качувале и на бродови кои не ги воделе директно до посакуваното место. Во текот на патувањето бродовите застанувале на разни пристаништа, и така патниците можеле да побараат друг брод кој би ги одвел поблиску до посакуваната дестинација (Дела 27:1-6).

Во тоа време бродовите пловеле само одреден период од годината, и немале точен распоред на пловење. Освен поради неповолно време, суеверните морнари можеле да го одложат пловењето и поради некој лош предзнак како, на пример, ако чуле гракање на гавран што слетал на бродските јажиња или ако виделе остатоци од уништен брод на брегот. Морнарите ги користеле поволните ветрови. Затоа, штом ќе задувал поволен ветар, веднаш отпловувале од пристаништето. Откако ќе нашол брод на кој можел да се качи, патникот чекал на пристаништето со својот багаж додека не чуе известување дека бродот ќе отплови.

Историчарот Лајонел Касон вели: „Во Рим имало поволна услуга за патниците, која ги поштедувала од макотрпното барање брод на крајбрежјето. Пристаништето се наоѓало на устието на реката Тибар. Во блискиот град Остија имало голем плоштад околу кој, меѓу другото, се наоѓале претставништва на бродски превозници од разни пристанишни градови: од Нарбон [во денешна Франција], од Картагина [во денешен Тунис]... итн. Ако некој сакал да патува некаде со брод, требало само да отиде во претставништвата и да најде брод кој плови во посакуваниот правец“.

Патувањето по море им штедело време на патниците, но имало и одредени ризици. На пример, Павле неколку пати доживеал бродолом на своите мисионерски патувања (2. Кор. 11:25).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели