Теократски вести
Кампучија: На 8. февруари 1993, добиен е службен документ со кој се дозволува основање на канцеларија за нашето дело и се отвора патот за мисионери да влезат во земјата. Среќни сме што после повеќе од 25 години, добрата вест повторно се проповеда јавно во Кампучија.
Кипар: Покрај највисокиот број од 1.462 објавители во март, подружницата извести највисоки броеви во часови, повторни посети и библиски студии.
Либерија: Во текот на март, браќата беа во можност да го одржат нивниот Обласен конгрес „Светлоносци“ на земјиштето на Друштвото кое се граничи со канцеларијата на подружницата. Највисокиот број на присутни беше 2.711, а 78 беа крстени.
Јапонија: Нивниот највисок број на објавители во март беше 177.591.
Филипини: Нов највисок број од 115.044 објавители беше достигнат во март.