ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/94 стр. 7
  • Чистотата му оддава чест на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чистотата му оддава чест на Бог
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Бог сака чисти луѓе
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Чистота — што, всушност, значи тоа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Колку е важна чистотата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Зошто е важна чистотата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 4/94 стр. 7

Чистотата му оддава чест на Бог

1 Мојсеевиот закон содржел строги барања за да осигури чистота. Тие го одвојувале Израел како народ од кој се барало да се одржува физички и духовно чист (3. Мој. 11:35, 36; 15:1-11; Иса. 52:11). Оваа чиста состојба му донесувала чест на Бог и придонесувала за здравјето на нацијата.

2 И денес, чистотата е знак на препознавање на Јеховиниот народ. Но, додека ова го карактеризира Јеховиниот народ како целина, дали е тоа случај и со секој од нас поединечно? Степенот до кој сме заинтересирани за уредноста и личната чистота одразува колку ги цениме Јеховините барања.

3 Каков е изгледот на нашиот дом? Дали тој ги одбива луѓето од пораката за Царството што им ја носиме? Зар не може некој да ја доведе во прашање нашата искреност ако зборуваме за претворање на Земјата во рај, а нашата сопствена куќа е запуштена и дворот зараснат во непотстрижена трева или коров? Ако нашиот дом оддава впечаток на неред или има непријатни миризби поради нехигиенски навики, може ли да се рече дека сме создале „навики со оглед на чистотата кои добро ќе одговараат на новото уредување под Божјето Царство?“ (om стр. 130, 131, пас. 2).

4 А што е со автомобилот што го користиме во службата на проповедање? Дали е соодветно чист, одвнатре и однадвор, за неговиот изглед да не го прави неприфатливо нашето дело? Каква е состојбата со нашата облека, чантата и личниот изглед? Дали се тие уредни и претставителни, кои не даваат причина за противење? Разумно е облеката секогаш да ни биде чиста, а и ние така што редовно ќе се капеме и тушираме, а облеката ќе ја переме и пегламе (w 1.10.89, стр. 16-19).

5 Што ако некој брат станал немарен, а неговата лична хигиена или околина станале причина за срам на собранието? Можеби нему му треба само малку љубезна помош поради тоа што е стар или е телесно слаб. Ако е тоа случај, ќе биде доброљубиво да му се помогне. Некој друг може да го има тој проблем, а да не е ни свесен за тоа; љубезен совет може да го подбуди да ја поправи ситуацијата. Поединци кои постојано даваат лош пример во овој поглед нема да ги исполнат условите за истакнати предности во собранието. Се разбира, старешините треба да се вардат да не ги наметнуваат своите лични мерила или избор.

6 Новите интересенти се поканети да уживаат во духовни гозби во нашата Сала на Царството. Обично сме спремни да поканиме бидејќи салата е многу привлечна и чиста. Сепак, треба работа за да се одржи во таква состојба. Погледнете околу вашата сала. Дали се чисти столиците, подовите и ѕидовите? Дали се чистат редовно тоалетите? Кога еднаш ќе се навикнеме да гледаме во нечист под или во ѕидови на кои им отпаѓа малтерот, наскоро ќе почнеме тоа да го сметаме за прифатливо. А на оние кои доаѓаат првпат тоа може да им остави лош впечаток. Треба да го сториме најдоброто што го можеме за да ја одржиме салата да биде допадлива и привлечна, давајќи го својот дел кога ќе дојде време да се чисти или варосува.

7 Без да кажеме збор, можеме да го славиме Бог преку нашиот личен изглед и преку уредноста на нашите домови, автомобили и Сали на Царството. Нашиот добар пример нема да даде причина за спрепнување, туку ќе посведочи дека нашето обожавање е чисто и исправно (1. Кор. 10:31, 32; Јак. 1:27).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели