Учествувај во теократските активности и во текот на летото
1 Летниот период дава прилики да се учествува во разновидни активности. Повеќето од нас сакаат да го искористат убавото време за да излезат од секојдневната рутина и да се релаксираат. Меѓутоа, не треба да дозволиме да биде нарушена нашата теократска рутина (Фил. 3:16).
2 Секое лето, со нетрпение го очекуваме обласниот конгрес. Си направил ли дефинитивни подготовки да присуствуваш, при што си обезбедил превоз и сместување ако ти се потребни? Си размислил ли дали можеш да се погрижиш и за некого од твоето собрание кому му треба лична помош? Таквиот убав гест на доброљубивост може да донесе взаемни благослови.
3 Ако имаш повеќе слободно време, како на пример за време на училишниот распуст, си размислил ли да посегнеш по поголемо учество во службата? Многумина утврдиле дека распустот е одлично време за помошна пионерска служба. Честопати, ова ја отворило вратата кон поголеми предности во службата. Семејствата можат да доживеат вистинска радост ако минуваат по цел ден заедно во службата. Како и да е, можеш ли да го зголемиш времето што го минуваш во службата? На убаво време и со подолг ден, повеќемина ќе бидат во можност да ги пожнеат благословите од учествувањето во вечерното сведочење.
4 Како би било да му помагаш на некое собрание на кое му треба помош да го обработи своето подрачје? Можеби во твоето собрание ќе има и други кои ќе сакаат да ти се придружат за да служите седмица-две таму каде што има поголема потреба. Ако е твојата група мала, можеби некои објавители од најблиското собрание ќе сакаат да одат со тебе. Ако не можеш да патуваш многу далеку, можеби покраинскиот надгледник ќе може да ти препорача некое блиско собрание кое ќе ја цени твојата помош.
5 Дали планираш да одиш на одмор некаде надвор од твојот дом? Ако да, планираш ли да ги посетуваш и состаноците таму каде што ќе престојуваш? Како би било да работиш во службата на проповедање со тамошните браќа? Вклучувањето на оваа активност во својот одмор може да биде мошне наградувачко и за тебе и за другите (Рим. 1:11, 12). Исто така, можеш ли неформално да сведочиш додека патуваш? Немој да заборавиш да си понесеш Библија и литература. Искористи дел од своето слободно време за да надокнадиш во своето читање и проучување на Библијата. Запомни дека, иако повремено ни треба одмор од световните преокупации, не ни треба оддишка од служењето на Јехова.
6 Старешините треба да се погрижат собраниските активности да останат добро организирани. Ако бидат отсутни некои старешини или слуги помошници, треба да се среди некои други да ги преземат нивните одговорности. Ако претседавачкиот надгледник биде секогаш информиран доволно однапред за датумите кога овие браќа ќе бидат отсутни, ќе може да ги направи соодветните промени.
7 Да, летните месеци може да бидат мошне исполнет период. Но, одвлекувачи на внимание лесно можат да ја нарушат твојата добра рутина во службата за Царството. Искористи ги потполно приликите што ти ги нуди летото. Одреди што има за тебе приоритет во здрав духовен поглед, и држи се за него (Фил. 1:10).