Какви се твоите планови за летото?
1 Зарем не е точно тоа дека поверојатно ќе ги постигнеме нашите вредни цели ако планираме како на најдобар начин да го употребиме времето што ни е на располагање? Летното време ни нуди една разноликост од прилики да ги унапредуваме интересите на Царството (Изр. 21:5). Кои се некои од нив?
2 Конгресот „Божји начин на живот“ е еден настан што сите ние треба да го вклучиме во нашите планови. Обезбеди си слободно време од работа или од училиште за да бидеш присутен на секој ден од конгресот. Доволно однапред направи резервации за своето сместување, како и подготовки за твоето патување.
3 Зошто не испланираш да ја зголемиш својата активност во службата на теренот во текот на летниот период? Подолгите дневни часови и потоплото време може да ти дозволат да поминеш повеќе време во проповедничкото дело. Школскиот распуст им нуди на младите прилика да бидат помошни пионери во текот на еден или повеќе летни месеци. И другите можат однапред да планираат да бидат помошни пионери во август, кога ќе има пет полни викенди. Овој август, додека ја завршуваме службената година, ќе биде вложен заеднички напор за секој да учествува колку што е можно повеќе во службата.
4 Дали планираш да му помогнеш на некое блиско собрание на кое му треба помош во обработувањето на неговото подрачје? Покраинскиот надгледник може да ги информира старешините за потребите во вашето подрачје. Или, пак, ако ги исполнуваш условите и би сакал да се пријавиш во Заедницата за да обработуваш ретко обработувано или недоделено подрачје, дискутирај за ова со твоите старешини. Тие, пак, ќе стапат во контакт со Заедницата и ќе ти обезбедат повеќе информации. Ако одиш на одмор далеку од дома, планирај да присуствуваш на состаноците и да учествуваш во службата на теренот со собранието на таа локација. Ако посетуваш роднини кои не се Јеховини сведоци, однапред подготви начини за да можеш да ја споделиш вистината со нив.
5 Какви се твоите планови за летото? Несомнено, ти сакаш да се освежиш физички. Но, немој да ги превидиш поважните прилики што постојат за да се зајакнеш духовно така што ќе продолжиш Царството да го ставаш на прво место (Мат. 6:33; Ефеш. 5:15, 16).