Морам ли постојано да се менувам?
Секое издание на Наша служба за Царството донесува различни библиски презентации кои можеме да ги користиме кога сведочиме. Многу објавители, кои се прилично активни, се спремни да прифатат нови идеи и да користат различни пристапи. Наша служба за Царството им удоволува така што ги обезбедува со по неколку предлози секој месец.
Меѓутоа, може да се случи да не чувствуваш потреба постојано да го менуваш она што го користиш. Можеби месечно имаш на располагање само по неколку часа за да учествуваш во делото од куќа до куќа. Со текот на времето, можеби си развил извесни презентации кои ти одговараат и со кои постигнуваш добри резултати кога ги користиш. Можеби се сведуваш на некои често употребувани стихови, меѓу кои се Псалм 36:9-11; 2. Петрово 3:13 или Откровение 21:4 и други. Ако е тоа случај, нема потреба да чувствуваш обврска често да го менуваш со некој друг. Наша примарна цел е да ја споделиме со другите надежта на Царството и да им помогнеме да научат што мораат да сторат за да го заслужат Јеховиниот благослов. Ако најдеш од книгата Расудување понови и привлечни презентации кои ќе ти се допаѓаат да ги користиш и наидуваш на добра реакција со нив, не се колебај да ги употребиш.