ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/94 стр. 1
  • Дали сееш богато?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сееш богато?
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Обилното сеење носи богати благослови
    Нашата служба за Царството 2002
  • Посеј праведност, пожнеј ја Божјата оддадена љубезност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сеј обилно, но со разбор
    Нашата служба за Царството 1993
Нашата служба за Царството 1994
km 6/94 стр. 1

Дали сееш богато?

1 Постои изрека: „Колку повеќе вложуваш во нешто толку повеќе ќе добиеш од него“. Ова особено важи за нашето обожавање. Колку повеќе време и напори вложуваме во подготовките за состаноците, проповедањето на пораката за Царството и покажувањето љубов кон нашите браќа, толку повеќе ќе пораснеме духовно. Точно е и она спротивното. Ако се штедиме или работиме со половина срце, можеме ли со право да очекуваме задоволителни резултати?

2 Апостол Павле добро го навел ова начело во 2. Коринтјаните 9:6: „Кој скржаво сее, скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее“. Дали сееш богато ти?

3 Лична библиска студија: За да бидеме плодоносни слуги, прво мораме богато да сееме во својата лична студија. Треба да имаме вистински духовен апетит (Пс. 118:97, 105; Мат. 5:3). Покрај сите грижи на секојдневниот живот кои нѐ притискаат, потребни се свесни напори за да развиеме вистинска свест за нашите духовни потреби. За повеќето од нас, тоа изискува да го ‚откупиме поволното време‘ (Ефеш. 5:16). Некои во извесни денови стануваат порано поради личната студија. Други си одвоиле некои вечери за таа цел. На кој начин жнееме богато? Се здобиваме со поцврста вера, посветла надеж и посреќно и попозитивно расположение (Рим. 10:17; 15:4; 1. Петр. 1:13).

4 Собраниски состаноци: Во Псалм 121:1, Давид рекол: „Се зарадував кога ми рекоа: ‚Ќе одиме во домот Господов‘“. Дали го чувствуваш и ти истото? Да се сее богато значи редовно да се присуствува на нашите пет седмични состаноци. Заземи став кој нема да дозволува непријатното време да те спречува. Обично, колку повеќе пречки совладуваме толку поголеми ни се благословите.

5 Дојди порано и задржи се малку после состанокот за да учествуваш во изградувачки разговори со своите браќа. Прошири го своето друштво за да опфаќа колку што е можно повеќе различни поединци. Подготвувај се добро за Студијата на Стражарска кула и за другите состаноци за да можеш да сееш обилно така што ќе коментираш кога ќе ти се укаже прилика. Ако ‚напојуваш‘ други на состаноците и самиот ќе бидеш „напоен“ (Изр. 11:25).

6 Служба на проповедање: Ова начело на богато сеење можеби на ниедно друго подрачје не важи толку како во службата на проповедање. Колку повеќе време ѝ посветуваме толку е поверојатно дека ќе жнееме интересни искуства, плодоносни повторни посети и продуктивни библиски студии.

7 Богатото сеење во службата на подрачјето освен квантитет вклучува и квалитет. Едно извонредно средство кое ни помага да го поправиме квалитетот на нашата служба е книгата Расудување. На страници 9-15 се наведени преку 40 уводи кои опфаќаат 18 теми со цел да се зголеми интересот на врата. Ако наидеш на интерес, не заборави да го забележиш за да можеш да дојдеш повторно и да го пожнееш плодот од твоето сеење. Постои надеж дека твоите напори ќе доведат до библиска студија, па така ќе можеш да поучуваш некој друг како да сее богато.

8 Ако сееме богато, можеме да очекуваме поголеми благослови од Јехова (Мал. 3:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели