Да им помагаме на другите да му оддаваат чест на нашиот Творец
1 Дали се чувствуваме исто како псалмистот кога рекол: „Господи, . . . во Тебе е изворот на животот“ (Пс. 35:5, 9). Како можеме ние од своја страна да им помогнеме на другите да го сфатат тоа и да му оддаваат чест на Јехова како на наш Творец? Така што во текот на јуни ќе ја нудиме книгата Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Оваа книга е навистина истакната по тоа што изнесува цврсти докази за постоењето на Бог и јасно покажува зошто еволуцијата не може да биде вистина. Таа исто така изградува доверба во Библијата како Божја Реч. Бездруго сакаме секој да знае како создавањето, а не еволуцијата, му донесува чест на Јехова Бог.
2 Еве една едноставна, директна презентација.
Откако ќе го поздравиш станарот, покажи је сликата на 6. страница и прашај:
◼ „Како започнал животот на Земјата? Некои велат дека тоа било случајно. Библијата сета заслуга му ја припишува на Бог. Што мислите Вие? [Дозволи одговор.] Оваа книга дава одговори кои се во потполна согласност со Библијата и со научните факти. Би сакал да ја имате и Вие за да можете да ги разгледате сите докази и сам да одлучите.“
3 Откако ќе се претставиш, можеш да речеш:
◼ „Во овој современ научен свет, дали е практично да се верува во создавање или мислите дека сме овде случајно? [Дозволи одговор.] Забележете како расудува Библијата по тоа прашање. [Прочитај Евреите 3:4.] Зар не се согласувате дека секоја куќа има градител? Според тоа, може ли вселената да настанала самата од себе?“ Покажи ја илустрацијата на 114. страница во книгата Создавање, а потоа насочи го вниманието на мислата што е изнесена во 2. пасус на страница 115. Ако станарот покажува интерес и ја земе книгата, кажи му дека следниот пат кога ќе го посетиш ќе дискутирате за прашањето: Каква е иднината на човекот и Земјата?
4 Или, откако ќе го поздравиш станарот, можеш да кажеш:
◼ „Што мислите, како изгледале нашите први претци? [Дозволи одговор.] Дали изгледале како овој ‚човеколики мајмун‘? [Отвори на страница 83 од книгата Создавање.] Забележете што наведува Библијата во Дела 17:26. [Читај.] Тогаш, на што се темелени цртежите на ‚човеколикиот мајмун‘?“ Сврти го вниманието на насловот под цртежот на страница 89. Кажи му на станарот дека може да извлече корист ако ја прочита книгата и го дознае одговорот на ова прашање.
5 Друг пристап може да биде да ја покажеш корицата на книгата „Создавање“ и да речеш:
◼ „Денес ги прашуваме нашите ближни: Како настанал човекот, преку еволуција или преку создавање? Што мислите вие? [Дозволи одговор.] Иако многумина високообразовани луѓе ја прифаќаат еволуцијата како факт, други високообразовани луѓе не веруваат во неа. Забележете го заклучокот до кој дошол еден поранешен астронаут. [Истакни ги мислите од 122-123 страница.] Мораме лично да ги испитаме доказите за да видиме во што треба да веруваме — во еволуција или во создавање.“ Ако станарот ја прифаќа книгата, постави прашање на кое ќе може да се одговори при твојата следна посета.
6 Дали имаш голема желба да им помогнеш на другите да ги дознаат чудесните вистини за нашиот Творец и неговата, полна со љубов, намера со неговото творештво? Книгата Создавање може да ти помогне да го сториш тоа. Таа му оддава чест на нашиот Голем Творец, Суверениот Господ Јехова, така што ги велича неговите дела и ја објавува неговата чудесна намера да го посвети своето име и да го благослови човештвото преку Христовото Царство.