ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/95 стр. 4
  • Јехова е нашиот Творец

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова е нашиот Творец
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Да им помагаме на другите да му оддаваат чест на нашиот Творец
    Нашата служба за Царството 1994
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2005
  • Спознанието од Бог одговара на многу прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Да ја презентираме добрата вест со позитивен став
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 6/95 стр. 4

Јехова е нашиот Творец

1 Милиони луѓе веруваат дека Бог го создал животот. Многу други веруваат во еволуција. Има и такви кои не се сигурни во што да веруваат. Книгата Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? е наменета за сите тие луѓе. Оваа публикација изнесува едно темелно истражено објаснување за тоа како настанал животот и што значи истото за нашата иднина. Во текот на јуни ќе ја нудиме оваа прекрасна книга.

2 Дури и луѓе што се угледни во научниот свет ја признаваат логичноста на оваа книга. Еден научник од Холандија напишал: „Книгава навистина ги надминува сите очекувања. Логичниот редослед на поглавјата и илустрациите се толку научно современи што треба да си слеп па да приговориш на нив“. Еден адвокат изјавил: „Ја прочитав четири пати, но и понатаму сум импресиониран од длабочината на истражувањето, од научноста и од документацијата што влегла во нејзината продукција“. Затоа, можеме да бидеме сигурни дека и други ќе ја ценат оваа книга.

3 Може да избереш кратка презентација слична на оваа:

◼ Отвори на 6. страница и речи: „Многумина мислат дека нашава убава Земја и животот на неа се производ на некаква случајност. Според Вас, кое е разумното објаснување за тоа како настанало сето ова? [Дозволи одговор.] Мноштво докази го потврдуваат библискиот извештај за постоење на Творец кој не само што е многу моќен туку и многу нѐ сака. Тој е вистинскиот Бог, а неговото име е Јехова“. Прочитај Осија 12:5 и кратко објасни на кој начин ќе ја оствари тој својата намера да ја претвори целата Земја во рај.

4 Ако сакаш брзо да преминеш на главното, можеш да речеш:

◼ „Сте си го поставиле ли некогаш ова прашање?“ Укажи на насловот на книгата, сврти на 7. страница, прочитај ги прашањата во 2. пасус и објасни дека книгата дава задоволувачки одговори од Библијата.

5 Или, можеш да се обидеш со следново:

◼ „Сте се прашале ли некогаш како настанала Земјата? Многумина упорно тврдат дека тоа е последица на некаква огромна космичка експлозија. Што мислите Вие? [Дозволи одговор.] Библијата поучува дека Бог ја создал Земјата како наш траен дом. Таа се разликува од другите планети во нашиот Сончев систем. Колку што знаеме, таа е единствената планета во вселената на која има сѐ што е потребно за поддржување на животот.“ Сврти на 5. пасус на 130. страница, и објасни зошто мора Земјата да е дело на еден Мајсторски Конструктор.

6 Еден друг пристап би можел да личи на следниов:

◼ „Некои луѓе мислат дека еволуирале од човеколики мајмун. Тврдат дека нашите претци изгледале вака. [Покажи ја сликата на 89. страница.] Што мислите Вие за тоа?“ Дозволи одговор. Укажи на она што стои во 20. пасус, а потоа прочитај го стихот од Дела 4:24 каде што е идентификуван Јехова како наш Творец и Животодавач. „Оваа книга ја разгледува целата теорија на еволуција во однос на она што е кажано во Библијата.“ Осврни се на Содржината на 5. страница и посочи некои наслови како што се насловите на поглавјата 1, 7, 15 и 19.

7 Оваа книга може да биде благослов за искрените луѓе кои биле заведени од страна на оние кои немаат вера во Јехова и во неговата Реч. Вистинитите информации што ги содржи книгата Создавање можат да им помогнат на таквите да растат во ценењето за нашиот Творец кој со љубов се грижи за нас.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели