Спознанието од Бог одговара на многу прашања
1 Пред да дојдеш до точно спознание на вистината, веројатно си имал многу прашања за животот на кои не си можел да одговориш. Колку само си бил среќен кога си ги примил библиски темелените одговори на тие прашања! Сега, можеш да им помагаш на другите да ги најдат тие исти одговори. (Спореди 2. Тимотеј 2:2.) Ти можеш да го споделуваш со нив спознанието на Бог кое води до вечен живот (Јован 17:3). Но, како можеш да му помогнеш на некого да ја цени вредноста на ова спознание? Па, размисли за прашањата кои вистината ти ги одговорила тебе. Што посакуваат да знаат трагачите по вистината? Размислувањето во тој правец може да ти помогне да ја понудиш книгата Спознание кое води до вечен живот. Следниве предлози можат да ти помогнат кога се подготвуваш за сведочење во текот на јуни.
2 Со оглед на тоа што многу луѓе се прашуваат зошто во светот има толку многу страдање, овој пристап би можел да наиде на добар одѕив:
◼ „Кога избива катастрофа или кога се во пораст постапките на криминал и насилство, луѓето честопати се прашуваат зошто се случуваат такви ужасни работи. Каков би бил Вашиот одговор?“ Дозволи му на лицето да одговори и признај го одговорот. Потоа, отвори на 8. поглавје од книгата Спознание и сврти внимание на она што е наведено во пасус 2. Објасни дека оваа книга го презентира библиското објаснување во врска со тоа зошто се случуваат зли работи, и кажи: „Ако ветите дека ќе ја читате, мене ќе ми биде задоволство да Ви го оставам овој примерок“. Ако книгата е прифатена, објасни ја подготовката за донација.
3 Кога навраќаш онаму каде што си оставил книга „Спознание“, би можел да кажеш:
◼ „Ме интересира заклучокот до кој дојдовте во врска со тоа зошто има толку многу страдање во светот. Дали се сложувате со библискиот одговор како што е изложен во книгата?“ Дозволи одговор. Прочитај го пасус 17 на страница 77 од книгата Спознание и понуди да прочиташ Римјаните 9:14 од Библијата на станарот. Потоа кажи: „Добрата вест е таа дека Бог не ни предизвикува болка и страдање неправедно. Тој ветил дека ќе ни даде вечен живот во мир и среќа. Првото поглавје од оваа книга има наслов ‚Ти можеш да имаш среќна иднина!‘ Би сакал да Ви објаснам како тоа може да биде случај со Вас и со Вашите сакани“. Сврти кај поглавје 1 и прикажи ја нашата метода на проучување. Опфати од поглавјето онолку колку што е соодветно под тие околности.
4 Би можел да избереш да го користиш уводот кој се појавува на страница 6 од брошурата „Како да се започнат и продолжат библиски дискусии“ под поднасловот „Старост/смрт“:
◼ „Дали некогаш сте прашале ‚дали смртта е крај на сѐ? Или, пак, постои ли нешто друго после смртта?‘ [Дозволи одговор.] Библијата го разјаснува секое прашање што би можеле да го имаме во врска со смртта. [Прочитај Проповедник 9:5, 10.] Исто така, таа покажува дека постои реална надеж за оние кои имаат вера. [Сврти кај пасус 13 на страница 84 од книгата Спознание; прочитај ги и објасни ги Исусовите зборови кои се наоѓаат во Јован 11:25.] Целото ова поглавје е посветено на одговорот на прашањето: Што се случува со нашите блиски кои умреле? Ако сакате да го прочитате, можам да Ви го оставам овој примерок“. Дај му на станарот прилика да даде прилог.
5 Кога правиш повторна посета, би можел да го обновиш познанството и потоа да кажеш:
◼ „Претходно разговаравме за тоа што се случува кога умира некое лице. Многу луѓе веруваат дека секој живот после смртта ќе биде или на небото или во пеколот. Но, дали некогаш сте помислиле за можноста мртвите повторно да живеат токму тука на Земјава? [Дозволи одговор.] Според Библијата, воскреснатите ќе бидат меѓу кротките кои ќе ја наследат Земјата. [Прочитај Псалм 36:11, 29, а потоа дискутирај за пасус 20 на страница 88 од книгата Спознание.] Таа надеж им дала утеха на милиони луѓе кои живееле во страв од смртта. Оваа книга ќе Ви помогне подобро да ја разберете таа работа. Може ли да Ви покажам како?“
6 Ако повеќе сакаш поедноставна презентација, би можел да се обидеш со оваа:
◼ „Би сакал да Ви покажам една илустрација во оваа книга, Спознание кое води до вечен живот. Зарем ова не е прекрасна слика?“ Отвори ја книгата за да може станарот да ги види страниците 4 и 5. Дозволи му да одговори. Потоа, прочитај ги зборовите на страница 5. Заклучи со тоа што ќе кажеш: „Вие можете да ја имате оваа книга за самите да ја прочитате. Таа нема цена, но ние прифаќаме мали прилози за нашето дело ширум светот“. Откриј кое време би било добро за да навратиш да го проследиш секој интерес што е покажан.
7 Ние го имаме спознанието од Бог кое одговара на важните прашања од животот. Марливо подготви се и Јехова ќе ги благослови твоите напори да ги споделуваш овие животодајни информации со оние кои трагаат по вистината.