Посвети им внимание на списанијата во октомври
1 Стражарска кула и Разбудете се! ја содржат утешната и охрабрувачка порака на вечната добра вест. Да им посветиме внимание на списанијата подразбира да одвоиме време за внимателно да ги прочитаме и да размислиме како статиите да им се допаднат на луѓето на нашето подрачје.
2 Прво, запознај се со статиите што се истакнати на насловната страница. Самите илустрации на насловната страница честопати ќе ги врачат списанијата. Избери статии за кои мислиш дека ќе им се допаднат на луѓето на твоето подрачје. Дали се луѓето првенствено од една вероисповед? Кои се нивните главни преокупации? Имајќи ги овие мисли на ум, треба да си во состојба да подготвиш делотворна презентација. Види ги оние што се изложени подолу.
3 Ако ја нудиш „Стражарска кула“ од 1 октомври, можеш да ја понудиш статијата „Библијата — Која е нејзината вистинска вредност?“ Можеш да речеш:
◼ „Библија можете да најдете скоро во секој дом во нашево место. Многумина кои ја поседуваат сметаат дека таа содржи нешто што е од посебна вредност.“ Потоа можеш да му поставиш директно прашање како ова: „Што мислите дека ја прави Библијата единствена?“ или, „Што мислите дека ќе им помогне на повеќе луѓе да извлечат корист од Библијата?“ Откако станарот ќе одговори, можеби ќе можеш да продолжиш со погодни забелешки, како оваа: „Постојат моќни докази кои потврдуваат дека Библијата е вдахновена од Бог и дека е веродостоен водич за нас. Таа содржи спознание кое може да нѐ одведе до вечен живот. [Прочитај Јован 17:3.] Многу луѓе ја почитуваат, но не знаат како да ја употребуваат. Оваа статија од Стражарска кула објаснува како можете вие лично да ја користите Библијата за да добиете одговори на вашите прашања во врска со иднината. Би сакал да Ви го оставам овој примерок. Ако Ви се допадне овој број, следниот пат кога ќе навратам ќе Ви кажам како можете редовно да добивате Стражарска кула на домашна адреса.“
4 Кога ќе користиш „Стражарска кула“ од 15 октомври, можеби ќе сакаш да имаш едноставен пристап како овој:
◼ „Скоро секому му има умрено некој кого го сакал. Оваа статија го поставува прашањето: ‚Во каква состојба се мртвите?‘ Што мислите дека се случува кога човек ќе умре? [Дозволи одговор.] Ако сакате да дознаете како одговара Библијата на тоа прашање, би ми било драго да Ви го оставам ова списание.“ Нека ти биде спремен трактатот Дали постои надеж за нашите мртви? за да му го понудиш на станарот ако претпочита помалку материјал.
5 Настојувај да понудиш списанија на секоја врата, па дури и ако не можете да дискутирате за Библијата. На повеќето луѓе кои земаат списанија им е драго да дадат мал прилог за светското библиско образовно дело.