ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/95 стр. 8
  • Нуди списанија во секоја прилика

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нуди списанија во секоја прилика
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Искористувај ги најдобро што можеш нашите списанија
    Нашата служба за Царството 1995
  • Нуди ги списанијата во твојата служба
    Нашата служба за Царството 2005
  • Посвети им внимание на списанијата во октомври
    Нашата служба за Царството 1994
  • Списанијата го објавуваат Царството
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 10/95 стр. 8

Нуди списанија во секоја прилика

1 Имаме добра причина да ги цениме списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кои други списанија имаат таков меѓународен изглед? Колку само силни информации содржат октомвриските изданија! Најчесто, поголемиот број од нашите списанија ги врачуваме во работата од куќа до куќа. Меѓутоа, би сакале да бидеме подготвени да ги нудиме и во секоја друга погодна прилика.

2 Кога ќе нудиш „Стражарска кула“ од 1 октомври, можеби ќе поттикнеш интерес за статијата „Свет без војни — Кога?“ доколку речеш:

◼ „Многу луѓе се прашуваат зошто се чини дека е недостижно да постои свет без војни и покрај обидите на луѓето. Што мислите за овие изјави од 5. страница од Стражарска кула од 1 октомври? [Прочитај ја првата реченица на секој од првите два пасуса од поднасловот „Религијата — голема препрека“ и дозволи одговор.] Се разбира, тоа не значи дека секогаш ќе има војни. Забележете го Божјето ветување од Исаија 9:6, 7“. Можеш да го прочиташ тој стих од твојата Библија или онака како што е цитиран во статијата на Стражарска кула. Накратко објасни дека Стражарска кула го застапува Јеховиното Царство како единствена надеж за еден мирољубив свет, а потоа охрабри го лицето да ја прочита статијата.

3 Кога ќе наидеш на луѓе кои се религиозно настроени, зошто да не истакнеш некоја статија од „Стражарска кула“ од 15 октомври? Следнава понуда може да предизвика позитивна реакција:

◼ „Би сакал да го слушнам Вашето мислење за ова прашање: Можно ли е да го сакаме Бог, а во исто време да се плашиме од него?“ Дозволи одговор, а потоа прочитај го натписот под сликата од статијата „Зошто е потребно сега да се плашиме од вистинитиот Бог?“ (Проп. 12:13). Употреби една од споредбите кои се наоѓаат на 165. страница од книгата Расудување, а ако е покажан интерес, понуди го списанието.

4 Кога работиш од куќа до куќа, не ги одминувај малите продавници и дуќанчиња. Оние кои редовно ги посетуваат продавниците, велат дека оваа активност е пријатна и делотворна. Кога нудиш „Разбудете се!“ од октомври-декември, можеш да се обидеш со следнава едноставна презентација:

◼ „Знаеме дека деловните луѓе сакаат да бидат во тек со теми кои се однесуваат на нивната средина. Сигурен сум дека ќе Ве интересираат овие статии“. Потоа накратко прикажи некоја врвна мисла од некоја статија од Разбудете се! од октомври-декември.

5 Ако лицето на кое му пристапуваш е навистина зафатено, можеш да му ги покажеш списанијата и да речеш:

◼ „Претпоставувам дека денес не очекувате посета, па затоа ќе бидам краток. Би сакал да Ви понудам да прочитате нешто што е многу важно“. Покажи му ја статијата што си ја избрал и понуди ги списанијата.

6 Води внимателни белешки за службата од куќа до куќа и наврати повторно онаму каде што си оставил списанија. Треба да бидеме подготвени и будни за да ги нудиме нашите списанија во секоја погодна прилика.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели