Нуди ги списанијата во твојата служба
1, 2. Како влијаеле Стражарска кула и Разбудете се! врз животите на луѓето?
1 „Интересни, навремени и охрабрувачки.“ „Најохрабрувачките списанија што некогаш сум ги прочитал.“ Овие коментари добро опишуваат што мислат читателите низ целиот свет за Стражарска кула и Разбудете се! Навистина, нашите списанија се покажале како многу корисни алатки во достигнувањето на „сите видови луѓе“ со добрата вест (1. Тим. 2:4).
2 Еден деловен човек кој мислел само на кариерата, добил списание Разбудете се! со тема која го заинтересирала. Подоцна, го прочитал придружното издание на Стражарска кула, кое содржело статија што го поттикнала да го преиспита своето долгогодишно верување во тројството. Ова го подбудило неговиот интерес. По шест месеци тој се крстил. Друг човек редовно ги примал списанијата но никогаш не ги читал. Неговата жена, од друга страна, ги избегнувала Сведоците но ги читала списанијата кои му биле оставани на нејзиниот сопруг. Нејзиното срце било трогнато од библиското ветување за рај на Земјата исполнет со праведни луѓе. Со текот на времето, таа, нејзиниот син и сестра ѝ станале слуги на Јехова.
3. Која е користа ако ги нудиме списанијата како комплет?
3 Нуди ги како комплет: Како што покажуваат претходните примери, не можеме да бидеме сигурни кој ќе ги чита нашите списанија или што може да го поттикне нивниот интерес (Проп. 11:6). Затоа, корисно е да ги нудиме Стражарска кула и Разбудете се! како комплет, иако обично ќе истакнеме само едно списание во нашата презентација. Во некои случаи, може да биде добро да понудиме неколку различни изданија од нашите списанија при некоја посета.
4. Како можеме да планираме да ги нудиме списанијата?
4 Корисно е да испланираме еден ден секоја седмица да учествуваме во службата со списанија. Во Календарот на Јеховините сведоци за 2005, секоја сабота е одредена како „Ден со списанија.“ Се разбира, бидејќи локалните и личните околности се разликуваат, некои можат да изберат друг ден во кој повеќе ќе ги нудат списанијата. Дали е ова дел од твојот седмичен распоред?
5. На кои прилики за нудење на списанијата треба да внимаваме, и што може да ни помогне да го правиме тоа?
5 Постави си лична цел: Ако си поставуваме лична месечна цел во службата со списанија, тоа ќе ни помогне повеќе да ги користиме. Дали имаш обиколка со списанија? Дали им ги нудиш списанијата на оние што ги среќаваш во служба? Можеш ли да ги понудиш во службата на улица, на деловни подрачја и на јавни места? Дали ги носиш со себе кога патуваш, кога купуваш или кога одиш таму каде што имаш закажано? Искористи ја секоја погодна прилика да им помогнеш на другите да извлечат корист од Стражарска кула и Разбудете се!
6. Како можеме добро да ги користиме постарите изданија од списанијата?
6 Друга цел која можеме да си ја поставиме е да даваме постари изданија што ни се на располагање. Дури и ако списанијата не се дадени еден или два месеца после датумот на издавање, информацијата сѐ уште е вредна. Оставај ги тие списанија кај оние што се заинтересирани. За милиони луѓе, списанијата Стражарска кула и Разбудете се! претставуваат „зборови. . . во право време“ (Посл. 25:11). Да ги користиме за да им помогнеме на уште милиони лица да го запознаат Јехова и да му служат.