Добро да се користат Стражарска кула и Разбудете се!
1 Стражарска кула и Разбудете се! се највредните и најкорисните списанија кои луѓето можат денес да ги читаат. Зошто? Затоа што духовните вистини кои тие ги содржат можат за вечност да влијаат за добро врз животите на луѓето. Меѓутоа, многумина не се сосем свесни за своите духовни потреби или не знаат каде да се обратат за да ги задоволат. Имаме предност да го имитираме апостолот Павле така што ќе им помагаме на луѓето духовно да ги отворат своите очи (Мат. 5:3; Дела 26:18).
2 Биди позитивен и добро подготвен: Веројатно и на твоето подрачје има луѓе слични на овци кои ќе се огласат на вистината. На некои можеби им треба само љубезно охрабрување да ги читаат списанијата. Затоа, биди позитивен и уверлив кога нудиш Стражарска кула и Разбудете се! Имај при рака доволно списанија и искористи ја секоја прилика за да ги врачиш, дури и кога нудиш други публикации.
3 Што може да нѐ направи поделотворни во делењето на списанија? За да започнеме со тоа, мораме самите вистински да ја цениме нивната вредност. Треба да бидеме запознаени со статиите во списанијата што ги нудиме, а тоа ќе ја зголеми нашата сигурност и жива желба да им ги покажеме. Задржи го на ум следново додека ги читаш за првпат. Биди подготвен да издвоиш мисли кои ќе ги истакнеш во службата. Прашај се: ‚За кого посебно би одговарала оваа статија? Дали ќе ја цени домаќинка, младо лице или деловен човек? Дали оваа мисла ќе заинтересира студент, оженет човек или некого кој е загрижен за околината?‘ За да бидеме вистински делотворни треба да бидеме во состојба да ги препорачаме списанијата на темел на нашето лично познавање и уживање во нивните навремени статии.
4 Добро да се користат постарите изданија: Запомни, Стражарска кула и Разбудете се! не ја губат својата вредност, дури и ако не се врачат за месец или два по нивниот датум на издавање. Информациите што тие ги содржат не стануваат помалку важни со изминувањето на времето, и не треба да се колебаме да понудиме постари примероци ако се во добра состојба. Допуштањето да се натрупаат постари списанија и никогаш да не се употребат покажува недостиг на ценење за овие вредни орудија. Секое списание содржи вистини кои го имаат потенцијалот да пробудат и задоволат духовни апетити. Наместо да се остават настрана постарите списанија и да се заборави на нив, зар не би било подобро да се направат посебни напори да им се врачат на заинтересираните луѓе.
5 Списанието Разбудете се! им помогнало на многумина, кои на почетокот не биле духовно настроени личности, да станат свесни за своите духовни потреби. Стражарска кула е клучното средство во програмата на Јеховиниот народ за духовно хранење. Овие списанија одлично се надополнуваат едно со друго и играат витална улога во проповедањето на добрата вест.
6 Додека ја користиме секоја прилика да оставиме списанија, можеме да имаме целосна доверба во нивната делотворност во задоволувањето на духовните потреби на оние кои се слични на овци. Сакаме да задржиме позитивен став, да бидеме добро подготвени и редовни во службата. Како објавители на добрата вест, нека секој од нас редовно добро ги користи списанијата Стражарска кула и Разбудете се!