Списанијата го објавуваат Царството
1 Како Јеховини сведоци, ние сме добро познати по нашето ревносно проповедање на Божјето Царство. Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! што ги дистрибуираме, играат силна улога во помагањето на милиони луѓе да ги научат Божјите намери. Пораката што ја содржат тие навистина е добра вест, бидејќи го објавува Божјето небесно Царство како единствена надеж за човештвото.
2 Списанијата се справуваат со вистинските потреби на луѓето — емоционални, социјални и духовни. Со оглед на тоа што моралот и семејните вредности се рушат секаде околу нас, Стражарска кула и Разбудете се! им помагаат на луѓето да го подобрат квалитетот на својот живот покажувајќи им како да ги применат библиските начела. Ќе ни биде задоволство да ги истакнуваме списанијата во текот на април и мај.
3 Тие имаат вистинска привлечност: Стражарска кула и Разбудете се! се достапни на скоро сите јазици на целото светско население. Поради тоа, нашите списанија се добро познати. Еве неколку причини зошто луѓето се привлечени кон нив:
◼ Како списанија на интегритет и на вистина, тие јасно ја покажуваат разликата помеѓу доброто и лошото.
◼ Тие даваат надеж за еден праведен рај кој доаѓа, на темел на Божјето ветување дека ќе ја стави Земјата под неговото царско владеење.
◼ Изнесена е една широка разноликост на навремени теми кои ги привлекуваат луѓето од сите позадини и култури.
◼ Статиите се концизни, образовни, реални и слободни од предрасуди и компромис.
◼ Пленувачките илустрации создаваат непосреден интерес, а јасниот стил на пишување ги прави списанијата лесни за читање.
4 Нашироко дистрибуирај ги: Ефективното дистрибуирање на списанијата во голема мерка зависи од нашата марливост во подготвувањето на нашите презентации, планирањето на нашето време и организирањето на нашата проповедничка активност. Беа понудени практични предлози во изданијата на Наша служба за Царството од септември 1995 и октомври 1996, кои би било добро повторно да ги разгледаш и да ги примениш.
5 Запознај се со списанијата: Додека го читаш секое издание, размислувај за некој кој би ценел да има еден примерок. Побарај специфични мисли или стихови кои би можел да ги цитираш во твојата презентација. Размисли за некое прашање кое можеш да го поставиш за да започнеш разговор и за да стимулираш интерес за темата.
6 Прилагоди ја презентацијата на лицето: Подготви едноставна, флексибилна презентација која може да се прилагоди за маж, жена, постаро лице или млад човек, сеедно дали е познат или непознат.
7 Мисли на Стражарска кула и Разбудете се!: Бидејќи списанијата лесно влегуваат в торба, чанта или џеб, можеме да носиме примероци со нас кога патуваме или пазаруваме. Нуди ги кога разговараш со роднини, соседи, колеги, школски другари или наставници. Секоја седмица одвојувај си ден првенствено за сведочење со списанија.
8 Покажи ценење за списанијата: Тие никогаш не ја губат својата вредност. Минувањето на времето не ја намалува вредноста на пораката што ја содржат. Се разбира, ако вложуваме посебен напор да ги врачиме сите списанија што ги набавуваме, постарите изданија не мора да се натрупуваат на нашите полици.
9 Сведочењето на улица е делотворно: Тоа е еден од најдобрите начини да се нудат списанија на голем број луѓе. Некои објавители обработуваат прометни премини во редовни интервали во пазарните денови.
10 Деловното подрачје е продуктивно: Кога сведочиме од продавница до продавница, имаме малку „не е дома“. Повеќето деловни луѓе се љубезни и многумина радо ги прифаќаат списанијата. Истакни статии кои се прикладни за конкретниот бизнис на лицето со кое контактираш.
11 Обиколките со списанија имаат потенцијал: Бидејќи списанијата се издаваат полумесечно, сосема е нормално повторно да одиме кај луѓето кои ги читаат и да им ги однесеме следните изданија. Треба да правиме редовни повторни посети, не само да оставаме списанија туку и да го развиваме интересот на личноста за Библијата. Обиколките со списанија се еден извонреден извор на потенцијални библиски студии.
12 Направи најмногу што можеш во април и во мај: Стражарска кула и Разбудете се! ја стекнале довербата на милиони читатели кои ги ценат. Тие се толку делотворни во објавувањето на Царството, поради што треба да си дадеме за задача да ги носиме со нас и да ги нудиме во секоја прилика. Април и мај нека се покажат како истакнати месеци за дистрибуција на списанија!