Помогни им со љубов на оние кои покажуваат интерес
1 Кога Јеховиниот ангел го упатил кај Етиопјанинот кој покажал искрен интерес за Божјата Реч на вистината, ученикот Филип со љубов му помогнал да го разбере она што го читал (Дела 8:26-39). Дали правиме и ние посебни напори за да им помогнеме на оние што се интересираат? Би требало, со оглед на нашиот божествен налог да правиме ученици (Мат. 28:19, 20). Што можеме да сториме за да им помогнеме?
2 Секоја седмица одвојувај време за да правиш повторни посети. Договарај се да ги посетиш оние кои се интересираат и обидувај се да ја продолжиш библиската дискусија што си ја започнал при првата посета. Имај ја на ум целта да започнеш библиска студија. Редовно доаѓај за да ги донесеш најновите броеви на Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе пронајдеш искрен интерес, можеш да понудиш претплата.
3 Ако на првата посета сте дискутирале за вредноста на Библијата, можеш да го продолжиш разговорот така што ќе ги употребиш предлозите од 50. страница од книгата „Расудување“ и ќе кажеш нешто слично на ова:
◼ „Некои сметаат дека библиските совети не се практични во овој современ свет. Што мислите Вие за тоа? [Дозволи одговор.] Зар не сметате дека е практична онаа книга која дава здрави совети што можат да ни помогнат да водиме среќен семеен живот? [Дозволи коментар.] Теориите и навиките во семејниот живот обично се менуваат, а последиците што ги гледаме денес не се добри. Но, семејствата кои го применуваат она што го вели Библијата, во основа се стабилни и среќни.“ Прочитај Колосјаните 3:18-21. Понуди го трактатот Зошто можеш да имаш доверба во Библијата и објасни дека нудиме бесплатна домашна библиска поука.
4 Можеш да започнеш дискусија за состојбата на мртвите на следниов начин:
◼ „Многу е кажано за состојбата на мртвите. Што мислите Вие дека ќе ни се случи кога ќе умреме? [Дозволи одговор.] Повеќето религии учат дека и понатаму ќе постоиме во некој друг облик. Многумина се изненадени кога ќе дознаат што вели Библијата за ова прашање. [Прочитај Проповедник 9:5.] Иако мртвите немаат свесно постоење, тие не се заборавени. Бог ветил дека ќе ги врати во живот кога ќе владее неговото Царство.“ Отвори Стражарска кула од 15 октомври 1994 или на 162. страница во книгата Живеј засекогаш и дискутирај за библиските стихови и за илустрациите. Договори се за следната повторна посета, имајќи во вид започнување на библиска студија.
5 Ако сакаш додатно да објасниш за христијанското гледиште за војните меѓу нациите, можеби ќе сакаш да кажеш нешто слично на ова:
◼ „Некои веруваат дека борбата е единствениот начин да се решат недоразбирањата. Што мислите Вие за тоа? [Дозволи одговор.] Библијата покажува дека Бог сака луѓето да живеат заедно во мир. [Прочитај Римјаните 12:17, 18.] Тоа ќе стане реалност по целиот свет кога ќе владее Божјето Царство.“ Осврни се на брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?, стр. 25, 26. Предложи му да дојдеш повторно за да објасниш зошто Исус нѐ учел да се молиме ‚да биде волјата Божја, како на небото, така и на земјата‘ (Мат. 6:10).
6 Етиопскиот евнух признал дека не бил во состојба да разбере без некој да му покаже (Дела 8:31). Филип со љубов му ја дал потребната помош. И ние можеме да ја покажеме нашата искрена љубов кон другите така што ќе им помагаме на истиот начин.