Покажувај вистинска грижа за сиот најден интерес
1 Објавувањето на Царството ширум светот наскоро ќе заврши, после што сите оние „кои не Го познаваат Бога“ ќе претрпат уништување (2. Сол. 1:7—9). Затоа, вистинската грижа за животите на другите го поттикнува Јеховиниот народ да достигне колку што е можно повеќе луѓе со пораката за Царството (Соф. 2:3).
2 Секој месец се поминуваат милиони часови во потрага на оние кои сакаат да ја чујат ‚добрата вест за нешто подобро‘ (Иса. 52:7, НС). Одѕивајќи се на текуштата понуда на литература, многумина прифатиле примероци од Стражарска кула и Разбудете се! или од брошурата Што бара Бог од нас? Вистинската грижа за овие луѓе треба да нѐ натера да продолжиме да го следиме сиот најден интерес (Изр. 3:27).
3 Води точни забелешки: Многу ќе се постигне ако водиш целосни и точни забелешки за интересот и местата каде што сме оставиле литература. Информациите, како што се името и адресата на станарот, денот и времето кога си го посетил, оставената литература и темата на дискусија, ќе ти помогнат да бидеш поделотворен кога навраќаш. Исто така, ако запишеш некои коментари кои ги дал станарот при твојот прв разговор, можеби ќе можеш делотворно да укажеш на нив додека ја продолжуваш дискусијата при повторната посета.
4 Брзо прави ги повторните посети: Колкумина од оние кои прифатиле литература од тебе минатиот месец си се обидел да ги посетиш повторно? Дали поминале седмици без каков било понатамошен контакт? Вистинската грижа за нивната трајна благосостојба треба да те поттикне да навратиш колку што е можно поскоро, најдобро во рок од неколку дена, така што разговорот сѐ уште ќе биде свеж во мислите. Ако брзо навраќаш за да го продолжиш нивниот интерес, можеби ќе можеш да ги претечеш обидите на Сатана пред тој да ‚дојде и да им го грабне словото, посеано во срцата нивни‘ (Мар. 4:15).
5 Неопходна е подготовка: Твојата делотворност во правењето повторни посети е директно поврзана со тоа колку добро се подготвуваш. Планирај го твојот пристап пред да одиш. Последната страница од Наша служба за Царството од април 1997, дава неколку презентации кои можеш да ги употребиш со добар успех кога ги нудиш списанијата или брошурата Бара. Како следно, треба да имаш на ум неколку мисли кои ќе ги споделиш кога ќе навратиш. Што можеш да кажеш кога го проследуваш интересот? Како може да се започне библиска студија?
6 Кога проследуваш дискусија во врска со тоа што е потребно за да се очисти Земјата и да се направи подобро место за живеење, би можел да кажеш:
◼ „При мојата претходна посета, се сложивме дека треба да се преземат драстични чекори пред да може Земјата да се претвори во мирољубив рај. Дали мислите дека луѓето го имаат она што е потребно за да ја извршат оваа задача? [Дозволи одговор.] Ве молам, забележете зошто ќе биде неопходно Бог да интервенира во човечките работи“. Прочитај Псалм 36:38. Потоа сврти на лекција 5 во брошурата Бара и употреби избрани делови од пасусите 4 и 5 за да покажеш како Бог ќе го исполни ова пророштво. Продолжи на тој начин што ќе понудиш библиска студија користејќи ја брошурата.
7 Ако си дискутирал за Божјето Царство и при првата посета си ја оставил брошурата „Бара“, кога навраќаш би можел да кажеш нешто како ова:
◼ „Кога зборувавме минатиот пат, го идентификувавме Божјето Царство како реална влада која ќе владее над целата Земја. Библијата покажува дека Христос Исус ќе биде нејзин владетел. Можете ли да видите некои користи ако се има ваква влада и ваков водач?“ Дозволи одговор. Отвори ја брошурата Бара на лекција 6. Употребувајќи избрани точки од пасусите 6 и 7, како и илустрацијата на страница 13, покажи што ќе стори Божјето Царство во иднина за човештвото. Прочитај го стихот од Даниил 2:44 и, ако е прикладно, воведи ја книгата Спознание и понуди библиска студија.
8 Ако си нашол некого кој признал дека светските религии му создаваат проблеми на човештвото, на повторната посета би можел да прашаш:
◼ „Дали некогаш сте се запрашале како можеме да знаеме која религија има Божје одобрување? [Дозволи одговор.] Оваа брошура Што бара Бог од нас? ги дава обележјата за идентификување на вистинската религија“. Сврти на лекција 13 и истакни ги петте точки, кои се во курзив, во пасусите 3—7. Можеш да продолжиш со тоа што ќе кажеш: „Освен што треба да ја најдеме вистинската религија, мораме да откриеме и што бара Бог од нас поединечно“. Прочитај Јован 4:23, 24. Предложи да дискутирате за тоа и понатака. Сврти на лекција 1 во брошурата и покажи како проучуваме.
9 Кога навраќаш за да ја продолжиш дискусијата за семејната среќа, би можел да кажеш нешто слично на следново:
◼ „Кога првпат се запознавме, ја споделив со Вас тајната на семејната среќа, која се состои во тоа да се применува советот кој се наоѓа во Божјата Реч, Библијата. Кога се работи за зафаќање со потребите на современото семејство, дали верувате дека Библијата е старомодна или, пак, е современа?“ Дозволи одговор. Претстави ја книгата Спознание. Сврти на 2. поглавје и прочитај го цитатот во 13. пасус. Употребувајќи ги точките во пасус 3, понуди семејна библиска студија.
10 Со тоа што ќе водиме точни забелешки, ќе правиме неопходна подготовка и брзо ќе навраќаме за да го продолжиме нивниот интерес, можеме да го покажеме оној вид љубов кон ближните кој ќе ги привлече кон патот за спасение (Мат. 22:39; Гал. 6:10).