Објавувај ја добрата вест за Царството со брошури
1 Колкава радост е да се знае вистината и да се биде помеѓу оние кои ревно ја објавуваат добрата вест! На луѓето кои се надвор од Божјата организација очајнички им е потребно да ја слушнат добрата вест за Царството. Во брошурите Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, Гледај! Сѐ ново создавам! и Владата која ќе воспостави рај, вистината за Царството е објаснета со едноставност. Тие живописно го осликуваат животот на Земјата под Божјето Царство и го насочуваат читателот кон стварностите на Царството, кои се објаснети во Божјата Реч. Се разбира, оставањето брошура кај некое заинтересирано лице е само почеток на нашата работа (1. Кор. 9:23). Да доаѓаме навреме на сите места каде што сме оставиле брошури, со цел да нудиме студија со книгата Спознание кое води до вечен живот. Како можеме да го извршиме ова во текот на август?
2 Брошурата „Радувај се на животот засекогаш на Земјата!“ може да се понуди со многу кратка презентација. Додека ја покажуваш насловната страна, би можел да кажеш:
◼ „Би сакал да Ви покажам нешто што содржи една прекрасна порака“. Отвори ја брошурата Живот на Земјата и прочитај го првиот пасус од уводот. Потоа продолжи: „Таа одговара и на ова прашање [сврти на насловот над сликата број 8]: ‚Зошто човекот умира?‘ Ќе видите дека е интересно да се проучуваат сликите и да се читаат стиховите кои се во оваа брошура. Ако сакате да го правите тоа, може да го задржите овој примерок“. Ако е прифатена брошурата, тогаш додај: „Ова е едно волонтерско дело ширум светот, кое е подржувано со мали прилози. Ако сакате да приложите нешто, со задоволство би го прифатил“.
3 Што ќе кажеш кога вршиш повторна посета таму каде што си оставил брошура „Живот на Земјата“? Би можел да го испробаш овој пристап:
◼ Покажи ја сликата број 49 во брошурата Живот на Земјата и прашај: „Зарем ова не е прекрасна слика? [Дозволи одговор.] Тоа е во брошурата што Ви ја оставив при последната посета. Би сакал да Ви го поставам прашањето од следната страница“. Сврти на слика број 50 и прочитај го прашањето: „,Дали сакаш засекогаш да живееш во тој прекрасен рај?‘ [Дозволи одговор.] Ако тоа е Ваша желба, забележете што се вели дека треба да правите: ‚Тогаш научи уште повеќе за тоа што Бог го вели‘. [Читај Јован 17:3.] Би се радувал да ја проучувам Библијата со Вас бесплатно. Би сакале ли Вие?“ Направи конкретен договор да дојдеш повторно.
4 Кога ја нудиш брошурата „Гледај! Сѐ ново создавам!“ би можел да започнеш покажувајќи ја целата слика на предната и задната страна, и можеш да прашаш:
◼ „Што мислите, што би требало да се направи за целата Земја да изгледа вака?“ Дозволи одговор. Опиши некои од обележјата на сликата, кои се спомнати на 3. страница. Потоа речи: „Повеќето луѓе мислат дека е невозможно да се направи свет како овој. Но, за Бог не е невозможно да го постигне тоа. [Разгледајте заедно некои точки во 43. пасус; потоа прочитај Иса. 9:6, 7.] Бог ветил дека ќе воспостави еден нов свет, во кој луѓе од сите нации ќе се радуваат на еден прекрасен рај. Би сакал да ја прочитате оваа брошура. Таа ќе покаже како Вие и Вашето семејство можете да уживате една прекрасна иднина на Божјето творештво“.
5 На повторната посета, би можел да ја употребиш брошурата „Гледај!“ за да објасниш зошто има потреба да се учи повеќе за Библијата. Можеби повторно да ја покажеш насловната страна и да кажеш:
◼ „Кога првпат Ви ја покажав оваа слика, се согласивме дека би сакале да живееме во еден ваков прекрасен свет. За да биде можно ова, има нешто што секој од нас треба да го стори“. Отвори ја брошурата „Гледај!“ на 52. пасус; прочитај го пасусот и стихот од Јован 17:3. Поврзи ја информацијата со илустрацијата во 53. пасус, во врска со правилно библиско образование, а потоа објасни дека Јеховините сведоци нудат ваква поука бесплатно во домот. Користејќи ја книгата Спознание, понуди да демонстрираш како изгледа нашата метода на проучување.
6 Кога ја нудиш брошурата „Владата која ќе воспостави рај“, би можел да се обидеш да го кажеш ова:
◼ „Сум слушнал многу луѓе како велат дека би сакале да живеат под една влада која ќе може вистински да ги реши големите проблеми со кои се соочуваме денес. [Спомни локални проблеми како што се невработеност, пораст на криминалот или злоупотреба на дрога.] Овие работи прават да се чувствуваме многу несигурни во врска со иднината, како за самите нас така и за нашите сакани. Дали сметате дека некогаш ќе има некоја влада која ќе ги реши овие проблеми? [Дозволи одговор.] Можеби сте ја молеле Господовата молитва. Ако да, дали сте знаеле дека всушност се молите за една праведна влада?“ Сврти на 3. страница во брошурата Влада и прочитај ги првите два пасуса. Понуди ја брошурата.
7 Ако била оставена брошурата „Владата која ќе воспостави рај“, дискусијата на повторната посета би можел да ја започнеш велејќи:
◼ „Претходно дискутиравме за потребата од една праведна влада која може да ги реши човековите проблеми. Брошурата што Ви ја оставив укажува на Божјето Царство како на наша единствена надеж. Некои луѓе се прашуваат што може да стори таа влада за да ја подобри нашата ситуација. Библијата покажува дека Христос веќе докажал дека ќе успее таму каде што човечките водачи промашиле“. Отвори ја брошурата Влада на 29. страница и прочитај ги последните четири пасуси. Потоа речи: „Зарем тоа не е една прекрасна иднина? Дали би сакале да ја доживеете?“ Дозволи одговор. Прочитај Јован 17:3. Охрабри на поголемо учење преку домашна библиска студија.
8 Ако користиш други брошури, можеш да подготвиш свои презентации, користејќи ги како образец оние кои се предложени погоре. Таму каде што одговара, објасни накратко дека заинтересираните луѓе може да дадат мали донации за делото на проповедање на Царството ширум светот. Подготви се добро и барај Јеховин благослов додека ја објавуваш добрата вест за Царството.