Користи различни брошури во својата служба
1 Денешниве луѓе се интересираат за многу теми. Додека работиш во службата на подрачјето во текот на јули, можеш да имаш со себе неколку различни брошури и да ја употребиш онаа што ќе им се допадне на луѓето од твоето подрачје. Можеби ќе сакаш да се обидеш со една од следниве презентации:
2 „Кога ќе умре некој што го сакаш“ може да се нуди на следниов начин:
◼ „Дали мислите дека некогаш ќе дојде ден кога никој од нас не ќе мора поради смрт да изгуби некого што го сака? [Дозволи одговор.] Оваа прекрасно напишана брошура утешила милиони луѓе со библиското сигурно ветување дека во блиска иднина доаѓа еден таков ден. [Сврти на страница 5 и прочитај го петтиот пасус, вклучувајќи ги и стиховите од 1. Коринтјаните 15:21, 22. Потоа сврти кај илустрацијата на 30. страница.] Овдека уметникот ја доловил радоста што ќе ја доживееме кога при воскресението ќе ги пречекуваме нашите блиски кои умреле. Но, каде ќе се случи ваквиот среќен настан? Оваа брошура ќе ви го покаже библискиот одговор на тоа прашање.“ Ако е прифатена брошурата, можеш да додадеш: „Би сакал да навратам и другпат за да продолжиме да дискутираме на оваа тема.“
3 Можеш да ја нудиш брошурата „Гледај! Сѐ ново создавам!“, користејќи го следниов директен пристап со цел да започнеш библиска студија:
◼ „Многу луѓе имаат некакви прашања во врска со Библијата. Можеби се прашувате кој е одговорот на едно од овие прашања. [Отвори на 30. страница.] Последново прашање го побудува интересот на многумина: ‚Како можам да се подготвам за вечен живот во Рајот?‘“ Ако дискутирате за пасусите 57 и 58, на страници 29 и 30, и ако го прочиташ Откровение 21:3, 4, ќе поставите основа за започнување на библиска студија. Заклучи со тоа што ќе ја оставиш брошурата и ќе се договориш за повторна посета кога ќе можете да дискутирате за некои од останатите прашања.
4 Можеби ќе сакаш да се обидеш со овој едноставен пристап со брошурата „Божјето име е вечно“:
◼ „Една од првите работи што ги научив од Библијата беше Божјето име. Дали знаете како гласи? [Дозволи одговор.] Дозволете ми да Ви покажам. Тоа се наоѓа во Библијата во Псалм 83:18. [Прочитај.] Оваа брошура покажува како се изговара Божјето име, Јехова, на голем број јазици. [Покажи му ја рамката на 8. страница.] Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Јехова и за неговите намери, прочитајте ја оваа брошура.“ Врачи му ја брошурата на станарот.
5 Со таква разновидност на прекрасни брошури, бездруго, добро сме опремени ‚да им ја објавуваме добрата вест на кротките‘ (Иса. 61:1, НС).