ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/10 стр. 2
  • Ќе нудиме нова брошура!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе нудиме нова брошура!
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
    Нашата служба за Царството 2013
  • Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите
    Нашата служба за Царството 1996
  • Дали ги користиш овие брошури?
    Нашата служба за Царството 2012
  • Објавувај ја добрата вест за Царството со брошури
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 10/10 стр. 2

Ќе нудиме нова брошура!

1. Што ќе нудиме во ноември, и која е целта на оваа публикација?

1 На Обласниот конгрес „Бдејте!“, кој се одржа во 2009 год., добивме нова брошура со наслов Библијата — која е нејзината порака? Во текот на ноември, собранијата низ целиот свет за првпат ќе ја нудат во служба. Како оваа публикација ќе им користи на луѓето на нашето подрачје? Повеќето луѓе, особено оние што не се христијани, не знаат многу за Библијата. Затоа, на 3. страница од брошурата пишува дека нејзината цел е да даде „општ преглед на она што стои во Библијата“.

2. Како би можеле да ја нудиме брошурата?

2 Како да ја нудиме: Би можеле да кажеме нешто слично на ова: „Би сакале да чуеме што мислите за овие зборови. [Прочитај 2. Тимотеј 3:16.] Многумина со кои разговараме се согласуваат со ова, а други сметаат дека Библијата е само една добра книга. Што мислите Вие за Библијата? [Почекај да одговори.] Сеедно какви се нашите верски убедувања, имаме добри причини да дознаеме нешто повеќе за Библијата. [Прочитај го воведниот пасус на почетокот од 3. страница.] Додека ја читате оваа брошура во која е даден краток преглед на Библијата, ќе забележите нешто интересно: Библијата има една главна тема и порака“.

3. Која друга презентација можеме да ја користиме, особено на подрачје на кое повеќето луѓе не се христијани?

3 Еве уште еден предлог што може да биде корисен особено кога им проповедаме на луѓе што не се христијани: „Би сакале да чуеме што мислите за овие зборови од Светото писмо (или од оваа света книга). [Прочитај Псалм 37:11.] Што мислите, каква ќе биде Земјата кога ќе се исполни ова пророштво? [Почекај да одговори.] Ова е еден пример за тоа каква надеж и утеха може да им даде Библијата на луѓето од сите вери и култури“. Прочитај го пасусот на почетокот од 3. страница и понуди ја брошурата.

4. Како би можеле да започнеме библиска студија со помош на брошурата?

4 Како да започнеме библиска студија: На повторната посета би можеле да го потсетиме станарот на нашиот прв разговор и потоа да зборуваме за еден или два пасуса поврзани со таа тема, користејќи ги прашањата што се на крајот од делот што сме го избрале. Или, ако сакаме веднаш да ја понудиме книгата Што учи Библијата, би можеле со него да ја прочитаме последната страница од брошурата, а потоа да му ја дадеме книгата, да го прашаме кое поглавје го интересира и заедно да разгледаме еден или два пасуса од тоа поглавје. Сите да дадеме сѐ од себе за да ја нудиме оваа брошура во ноември!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели