Повторно ќе ја проучуваме книгата Откровение
1 На третата страница од книгата Откровение цитиран е стихот од Откровение 1:3: „Блажен е оној, кој чита, и оние, што ги слушаат зборовите на пророштвото“. Среќата на Јеховиниот народ денес во голема мера се зголемува преку современото исполнување на пророштвата што ги содржи библиската книга Откровение. Нашето современо разбирање на настаните во ова време, имено во „Господовиот ден“, е изложено во Откровение — Близу е величествената кулминација! (Откр. 1:10). Преку проучување на книгата стекнавме увид во значењето на светските настани, особено на оние што се однесуваат на светското царство на лажната религија и на марширањето на нациите кон Армагедон, како и во тоа како постапува Јехова со неговиот народ.
2 За многумина од нас, проучувањето на оваа публикација нема да биде само потсетување на мислите што претходно ги разгледувавме туку и изострување на нашиот духовен став спрема моменталните настани кои водат до Јеховиниот ден на триумф над сите негови непријатели. Илјадниците кои стапиле во нашите редови во изминатите две до три години сигурно ќе извлечат корист од ова трето разгледување на книгата Откровение во рамките на Собраниската студија на книга.
3 Не заборави да се подготвиш добро, да присуствуваш и да учествуваш на осмислен начин секоја седмица, почнувајќи од 3 октомври 1994. Ќе добиеш богати награди и благослови напоредно со сѐ појасното разбирање на значењето на видливите светски настани во светлото на пророштвата што се запишани во Откровението. Се разбира, треба сериозно да го разгледуваме таквиот материјал бидејќи тоа е правовремено како никогаш досега. Можеме да ја уживаме ветената среќа додека читаме, слушаме и медитираме за возбудливите пророштва за наше време!