Стражарска кула и Разбудете се! — списанија за нашиве итни времиња!
1 Како исполнување на библиските пророштва, се случуваат настани што го потресуваат светот! Додека набљудуваме што се случува околу нас во светот, како и во теократската организација, можеме потполно да сфатиме колку е итно да го проповедаме „Евангелието“ за Царството (Мар. 13:10). Ова ни дава причина да ја вршиме својата служба со ревност во текот на април.
2 Важноста на нашата порака е нагласена со посебното дело што ќе го вршиме овој месец. Со горливост чекаме да излезе Веста за Царството што ќе ја дистрибуираме во текот на април и мај. За да го изградиме своето одушевување за ова дело, а и за да го негуваме интересот на своето подрачје, Стражарска кула и Разбудете се! ќе содржат навремени статии кои го нагласуваат пророчкото значење на вознемирувачките настани во светот. Како можеме да подготвиме презентација што ќе побуди интерес за списанијата?
3 Веројатно ќе можеш да развиеш делотворна презентација, користејќи ги следниве основни чекори: 1) Избери статија од едно од списанијата за кое сметаш дека ќе им се допадне на луѓето во твоето место. 2) Избери во таа статија една изјава или цитиран библиски стих за кој сметаш дека ќе го побуди интересот на станарот. 3) Подготви кратка презентација која ќе содржи пријателски поздрав, прашање или изјава што ќе ги нагласи интересните библиски мисли, и искрен предлог да ги земе списанијата. Како што гледаш, ова е прилично едноставно и некомплицирано. Веројатно ќе можеш да викнеш некој објавител со кого ќе работиш во службата, за да подготвите една презентација.
4 Со оглед на тоа што „Разбудете се!“ од 22 април (хрв.) го поставува прашањето „Дали се ова последните денови?“, можеш да го разгледаш материјалот под насловот „Последните денови“ на 5. страница од брошурата „Како да се започнат...“ Можеш да почнеш со зборовите:
◼ „Ве посетуваме за да поразговараме за значењето на бурните настани што се случуваат околу нас. Забележете што вели оваа статија . . .“
5 „Стражарска кула“ од 1 април го поставува прашањето: „Религијата — Табу-тема?“ Кога го нудиш списанието, можеш да речеш:
◼ „Честопати се вели дека религијата е тема за која не треба да се дискутира бидејќи е спорна. Што мислите Вие за тоа?“ Потоа осврни се на некоја изјава од статијата.
6 Можеби ќе ја користиш „Стражарска кула“ од 15 април со статијата „Дали е достижна религиозната вистина?“ Би можел да добиеш добар одговор со следниов увод:
◼ „Поради тоа што има толку многу религии денес, некои луѓе се прашуваат дали може да се достигне религиозната вистина. Оваа статија го открива начинот на кој можеме и Вие и јас да најдеме задоволувачки одговор на ова прашање. . . .“
7 Пред да појдеш во службата на проповедање, зошто да не ја пробаш својата презентација со некој друг објавител за да ја извежбаш? Веројатно ќе можете меѓусебно да размените корисни предлози што ќе ја зголемат твојата делотворност и ќе ти дадат поголема сигурност.
8 Како што се приближува крајот на овој систем, да го забрзаме чекорот за да им помогнеме на луѓето со чесни срца да излезат од Големиот Вавилон (Откр. 18:4). Стражарска кула и Разбудете се! играат витална улога во ова неповторливо дело. Благодарни сме што Јехова ги обезбедува овие одлични алатки за наша употреба!