Барај ги подучливите
1 „Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме прати“ (Јован 6:44). Јехова, кој ги проникнува срцата, ќе ги награди оние кои се подучливи и кои постапуваат според она што го учат (Ерем. 17:10; Јован 6:45). Ние ја имаме предноста да му бидеме соработници во потрагата по кротките кои копнеат по нов свет (Пс. 36:11; 1. Кор. 3:9).
2 Исус ги опишал своите ученици како „риболовци на луѓе“ (Мат. 4:19, НС). Иако тој вид на работа може понекогаш да биде напорен, големо е задоволството кога ќе се постигнат добри резултати. Наместо да работиме за лична добивка, ние всушност ги спасуваме „рибите“ од еден вид уништување. Еден успешен риболовец мора да знае што да стори за да ја привлече рибата. Исто така, и ние мораме да ја презентираме пораката за Царството на привлечен начин кој ќе го побуди интересот на оние што нѐ слушаат. Ова е особено случај кога правиме повторни посети. Што можеме да речеме?
3 Ако бил покажан интерес за статиите од „Стражарска кула“ во врска со религијата, можеш да речеш:
◼ „Претходно зборувавме околу тоа зошто многу луѓе не сакаат да дискутираат за религијата. Зарем не мислите дека е тоа чудно, кога повеќето наши соседи тврдат дека се христијани? Можеби се прашувате зошто религијата е тема која предизвикува поделби и спорови.“ Дозволи одговор. Сврти на 326. страница во книгата Расудување и пренеси неколку мисли од насловот „Зошто постојат толку многу религии?“
4 За да започнеш дискусија на тема религија, можеш да користиш пристап сличен на следниов:
◼ „Постои ли начин да се увериме дека ја имаме вистинската религија? [Дозволи одговор.] Поради тоа што постојат толку многу различни религии, многумина се збунети и несигурни.“ Сврти во книгата Расудување, на страници 332 и 333, каде што се обработува прашањето „Како можеме да знаеме која религија е вистинската?“ Прокоментирај го прашањето број 5, „Владее ли љубов меѓу нејзините припадници?“ Објасни како може да се научи повеќе преку лична библиска студија.
5 Ако станарот изгледа загрижено поради состојбата во светот, можеби ќе сакаш да се обидеш со следново:
◼ „Очигледно е дека сте загрижен поради лошата состојба со која мораме да се соочуваме додека живееме и го подигаме своето семејство. Библијата ни открива едно прекрасно ветување коешто Бог ќе го исполни во блиска иднина.“ Прочитај Изреки 2:21, 22, и објасни како Јехова ветил еден свет на траен мир.
6 Кога ќе правиме повторни посети откако ќе почне посебната акција со Веста за Царството, те молиме, погрижи се да им оставиш по еден примерок од Веста за Царството на станарите кои ја немаат. Во врска со тоа што да кажеш на повторната посета онаму каде што си оставил Вест за Царството, ќе се дискутира во мајското издание на Наша служба за Царството.
7 Поради тоа што Речта Божја „дејствува“, треба да се трудиме да ја користиме во своите презентации (Евр. 4:12). Постави си за цел да го охрабриш станарот самиот да ја чита Библијата. (Спореди Дела 17:11.) Ако марливо го дадеме својот дел, Јехова ќе ги благослови нашите напори.