ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/95 стр. 4
  • Целото Писмо е полезно за поука

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Целото Писмо е полезно за поука
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Вредноста на Библијата во денешниов свет
    Нашата служба за Царството 1993
  • Библијата — Божји водич за сите луѓе
    Нашата служба за Царството 1997
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2005
  • Божјата Реч обезбедува водство
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 11/95 стр. 4

Целото Писмо е полезно за поука

1 Постојат многу, но и различни мислења за вредноста на Библијата. Меѓутоа, ние сме уверени дека на нејзините страници се наоѓа одговорот за збунувачките проблеми на човештвото, но и сигурно водство за нашиот начин на живот (Изр. 3:5, 6). Мудроста на нејзиниот совет е неспоредлива. Моралните мерила кои ги застапува се ненадминливи. Нејзината порака е моќна и „ги проценува мислите и намерите на срцето“ (Евр. 4:12). Како можеме да им помогнеме на другите да увидат колку е потребно да ја земат од полицата оваа книга и внимателно да ја испитаат? Можеби ќе сакаш да се обидеш со некој од следниве предлози додека во текот на ноември ја нудиш книгата Библијата — Реч Божја или човечка?

2 Со оглед на тоа што многу луѓе се загрижени како да ги задоволат основните потреби, можеби овој пристап ќе им го сврти вниманието:

◼ „Многу луѓе со кои разговарав деновиве се загрижени за тоа како да излезат на крај со материјалните обврски. Многумина се заробени во трката по материјални работи, а тоа доведува до стрес. Каде е најдобро да се обратиме за совет во врска со ова? [Дозволи одговор.] Сум открил дека Библијата дава практичен совет кој може да ни помогне да ги избегнеме непотребните проблеми. Дозволете ми да Ви покажам еден пример“. Сврти на 163. страница од книгата Библијата — Реч Божја или човечка? и во 3. пасус прочитај го цитираниот стих од 1. Тимотеј 6:9, 10. Прокоментирај го 4. пасус, а потоа понуди ја книгата.

3 Еве уште еден предлог што можеби би сакал да го разгледаш:

◼ „Секојпат кога читаме некој весник или слушаме вести, ќе чуеме за некој нов проблем што нѐ вознемирува. [Спомени некој загрижувачки настан за кој неодамна било известено во весниците.] Како можеме да се соочиме со таквите проблеми? [Дозволи одговор.] Во 1983 година, тогашниот претседател на САД [Роналд Реган] рекол дека Библијата ја има најголемата порака што некогаш била напишана и дека ‚на нејзините страници се наоѓаат одговорите за сите проблеми што ги доживеал човекот‘. Тоа што го рекол потсетува на она што го изјавува и самата Библија. [Прочитај 2. Тимотеј 3:16, 17.] Дозволете ми да ви покажам зошто можеме да имаме доверба во Библијата“. Истакни некои врвни мисли од трактатот Зошто можеш да имаш доверба во Библијата? Стави се на располагање да навратиш повторно за да разговарате колку е впечатливо тоа што библиските пророштва се исполнуваат во сегашните светски настани.

4 Ако на твоето подрачје многу луѓе се нерелигиозни, би можел да се обидеш со овој пристап:

◼ „Многумина на ова подрачје сметаат дека извесни свети книги се противречни и дека не се ништо друго освен митови. Со оглед на тоа што виделе како во името на религијата се прават многу лоши работи, тие немаат доверба дури ни во Библијата. Всушност, сѐ повеќе и повеќе луѓе се прашуваат дали Библијата е Божја Реч или човечка. Што мислите Вие?“ Дозволи одговор. Во зависност од реакцијата на домаќинот, сврти кај оној дел од книгата Библијата – Реч Божја или човечка? кој се осврнува на приговорот или на гледиштето на станарот, и продискутирај една или две мисли. На пример, можеби ќе имаш прилика да ги употребиш пасусите 27-29, кои почнуваат на 66. страница со поднасловот „Исус — вистинска личност“.

5 Нашиот Голем Учител се погрижил спознанието за неговата волја да им биде достапно на сите оние кои сакаат да ја дознаат. Да им се помага на другите да ја ценат вистинската вредност на Библијата е една од најдобрите работи што можеме да ги сториме за да им помогнеме — тоа може да ги спаси нивните животи (Изр. 1:32, 33).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели