ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/97 стр. 8
  • Библијата — Божји водич за сите луѓе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата — Божји водич за сите луѓе
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Божјата Реч обезбедува водство
    Нашата служба за Царството 1996
  • Спознанието од Бог одговара на многу прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2002
  • Започнување на библиски студии во декември
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 12/97 стр. 8

Библијата — Божји водич за сите луѓе

1 Се проценува дека отпечатени се четири милијарди Библии на повеќе од 2.100 јазици и дијалекти, правејќи ја Божјата Реч достапна на преку 90 проценти од популацијата на Земјата. Сепак, во светот постои глад „за слушање зборови Господови“ (Амос 8:11). Многу луѓе кои имаат примерок од Библијата или не ја читаат или не ја разбираат нејзината содржина. Како можеме да ги мотивираме да ја користат Библијата како практичен водич во нивниот живот?

2 Во декември ќе ја нудиме книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Нашето длабоко ценење за овој дар од Јехова ќе го покажеме со тоа што одушевено ќе им помагаме на другите да ја прифатат Библијата како Божји водич за сите луѓе.

3 Би можел да воведеш една презентација користејќи го трактатот „Зошто можеш да имаш доверба во Библијата“. Би можел да речеш:

◼ „Иако Библијата е достапна на преку 90 проценти од светската популација, малку луѓе редовно ја читаат. Што мислите, која е причината?“ Прочитај ги првите два пасуса од трактатот, заедно со 2. Тимотеј 3:16. Понуди ја книгата Божја Реч. Доколку книгата е прифатена, спомни ја подготовката за донации. Ако е одбиена, замоли го станарот да го прочита останатиот дел од трактатот. Истакни го последниот поднаслов „Прорекување на иднината“.

4 Кога навраќаш кај луѓе кај кои си оставил трактат „Зошто можеш да имаш доверба во Библијата“, би можел да се обидеш со ова:

◼ Откако повторно ќе се претставиш, прочитај ги последните два пасуса од трактатот. Прашај го станарот дали некогаш размислувал за можноста засекогаш да се живее на Земјата. Откако ќе одговори, кажи: „Јеховините сведоци се сигурни дека сите пророштва кои се наоѓаат во Библијата ќе бидат исполнети, вклучувајќи ги и оние кои предвидуваат една прекрасна иднина за сите луѓе кои ги исполнуваат Божјите барања“. Покажи ја илустрацијата на страница 13 од брошурата Бара, сврти назад кај лекција 5 и понуди да дискутирате за одговорите на наведените прашања, започнувајќи на тој начин студија.

5 На подрачје каде што луѓето се религиозни, би можел да се обидеш со овој почетен пристап:

◼ „Ние охрабруваме на поголем респект кон Библијата. Многу семејства имаат Библија, но ретко се обраќаат до неа кога имаат сериозни проблеми. Дали сте го забележале тоа? [Дозволи одговор.] Можеби веруваат дека Библијата е застарена. Оваа книга, Библијата — Реч Божја или човечка? дава уверлив доказ дека Библијата е научно точна и дека таа дава практични решенија за денешните итни проблеми“. Истакни неколку точки од поглавје 8 или поглавје 12 од книгата, и потоа понуди ја.

6 Кога проследуваш место каде што е дадена книгата „Реч Божја“, би можел да речеш:

◼ „Кога Ве посетив последниот пат, дискутиравме за тоа како Библијата помага да се решат денешниве сложени проблеми. На оние кои ја прифатиле како Божја Реч им било исто така помогнато да водат посреќен, посодржаен живот. Би сакал да Ви покажам еден од практичните библиски принципи кој е објаснет во книгата што Ви ја оставив“. Дискутирај за еден од принципите од Писмото кои се наоѓаат во поглавје 12, пасуси 3—6 и заклучи со тоа што ќе го прочиташ пасус 7. Ако е покажан интерес, понуди студија или со книгата Спознание или со брошурата Бара.

7 Следнава презентација може да ги интересира постарите луѓе:

◼ „Постоело време кога Библијата се читала во повеќето домови и кога семејствата живееле според нејзините принципи. Дали било така и во Вашето семејство? [Дозволи одговор.] Изгледа дека денес многумина се премногу расеани за да посветат време на читањето на Библијата или, пак, мислат дека нејзините морални принципи се старомодни. Поглавје 13 од оваа книга Библијата — Реч Божја или човечка? презентира три вистински животни искуства на поединци чии животи, после проучувањето на Библијата, се промениле на подобро. Доколку сакате да прочитате како моќта на Божјата Реч им помогнала, ќе ми биде драго да Ви ја оставам книгава“.

8 На повторната посета би можел да кажеш:

◼ „Кога зборувавме последниот пат, се сложивме дека во денешново општество се игнорираат библиските морални принципи. Дали тоа занемарување треба да нѐ засега? [Дозволи одговор.] Исус Христос високо го вреднувал примањето библиско спознание“. Прочитај Јован 17:3. Потоа, сподели го пасус 5 од поглавје 1 од книгата Спознание. Објасни ја нашата бесплатна програма за проучување на Библијата и понуди да ја демонстрираш.

9 Моли се Јехова да ги благослови сите твои напори за да го свртиш вниманието кон Библијата — Божјиот водич за сите луѓе.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели