ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/96 стр. 1
  • Бидете со сета душа!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бидете со сета душа!
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Јехова длабоко ја цени твојата служба со сета душа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Да му служиме на Јехова со сета душа
    Пеј му од срце на Јехова
  • Служи му на Јехова со сета душа
    Пејте му на Јехова
  • Ти можеш да сведочиш неформално!
    Нашата служба за Царството 2010
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 5/96 стр. 1

Бидете со сета душа!

1 Имаме мноштво причини да му бидеме благодарни на Јехова. Ова ги вклучува работите кои тој ги сторил во минатото, кои ги прави токму сега и кои допрва ќе ги направи за нас во иднината. На што треба да нѐ поттикне нашата благодарност? Еден Давидов псалм одговара: „Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста“ (Псал. 33:1).

2 Библијата јасно покажува дека нам ни е заповедано да проповедаме. Ова е дело кое го вршиме со „сета душа како за Јехова“ (Кол. 3:23, НС). Колку ќе правиме во службата ако сме навистина со сета душа? Кога ќе размислиме за љубовта на Јехова во наша корист, нашите срца сигурно нѐ поттикнуваат да имаме оддадено учество во кажувањето на другите за него и за неговите драгоцени намери! Ние сме поттикнати да го правиме она што можеме.

3 Ќе биде разумно да се очекува едно лице кое е со сета душа да сака да го задржи своето внимание сосредоточено на светата служба. Псалмистот кој очигледно се чувствувал така, изјавил: „Седумпати на ден Те прославувам [фалам, НС]“ (Псал. 118:164). Оние кои ги делат чувствата на псалмистот бараат да ги искористат приликите да го фалат Јехова. Тие служат ревносно колку што е можно повеќе, во склоп на своите околности.

4 Опкружени сме со прилики да го фалиме Јехова: Не мораме да чекаме додека да учествуваме во делото од куќа до куќа за да ја проповедаме добрата вест. Нашите колеги на работа, соученици, роднини и познаници, сите тие треба да ја слушнат пораката за Царството. Кога патуваме, може да започнеме разговори кои можат да водат до давање сведоштво на хотелскиот персонал, работниците во ресторан, вработените на бензинска пумпа или на таксистите. Додека сме дома, можеме да им сведочиме на соседите или на доставувачите. Ако сме во болница, можеме да им сведочиме неформално на медицинските сестри, докторите и другите пациенти.

5 Неформалното сведочење донесува резултати: Еден ден, двајца Сведоци се шетале во еден парк и почнале да разговараат со еден млад човек кој исто така се шетал со своето дете. Како резултат на тоа, тој и неговата сопруга ја прифатиле вистината. Младиот човек подоцна открил дека само кратко време пред да ги сретне двајцата Сведоци, се молел на Бог: ‚Ако постоиш, те молам докажи ми го тоа‘. Случајната средба со Сведоците во паркот тој ја смета за Јеховин одговор на неговата молитва.

6 Оние кои со сета душа се желни духовно да им помогнат на другите, искусуваат голема радост. Тие знаат дека таквата служба „од сѐ срце“, му е угодна на Јехова (1. Лет. 28:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели