Духовно никогаш не ни било толку добро!
1 Повеќето луѓе копнеат по денот кога ќе можат да речат: „Никогаш не ни било толку добро!“ Во нивните глави, тој ден ќе дојде кога ќе имаат изобилство на материјални работи, кои ќе им овозможат да ‚се олабават, да јадат, да пијат и да уживаат‘ (Лука 12:19, НС). За разлика од нив, ние токму сега сме во состојба да кажеме дека во духовна смисла нам не ни недостига ништо добро (Псал. 33:10). Како е можно тоа?
2 Изреки 10:22 изјавува дека „благословот Господов збогатува“. Ние кои доживуваме таква божествена благонаклоност, може навистина да кажеме дека Бог „богато нѐ опремува со сите работи за наше задоволство“ (1. Тим. 6:17, НС). Ова нѐ прави да бидеме најбогатите луѓе на Земјата!
3 Согледување на нашите благослови: Малкумина од нас имаат изобилство на материјални работи. Па сепак, ние сме благословени поради тоа што не сме премногу загрижени за нашите секојдневни потреби. Јехова знае кои работи ни се потребни и тој ветува дека ќе ги обезбеди (Мат. 6:31—33). Неговото уверување ни дава умствен мир кој е навистина бесценет.
4 Меѓутоа, нашите духовни благослови се дури и поголеми. Нашите животи зависат од духовната храна што доаѓа од Јехова (Мат. 4:4). Оние кои се свртени кон световните извори на духовна храна одат гладни додека ние јадеме и пиеме до заситување (Иса. 65:13). ‚Верниот роб‘ ни дава пристап кон една неисцрпна залиха на спознание кое води до вечен живот (Мат. 24:45; Јован 17:3, НС).
5 Нашето скапоцено, ширум светот раширено братство ни обезбедува срдечно другарство со браќа и сестри полни со љубов кои живеат во сите делови на Земјата (Јован 13:35). Локалното собрание е засолниште на мир, каде што можеме да најдеме утеха и освежување. Старешините продолжуваат да бдеат над нашите души, помагајќи ни да излеземе на крај со многу видови проблеми (Евр. 13:17). Ако стануваме поблиски со нашите браќа, тогаш тоа резултира со размена на охрабрување, зајакнувајќи нѐ да истраеме (Рим. 1:11, 12).
6 Дури и нашата работа е благослов. Многу световни работни места се еднолични и неисполнувачки. Споделувањето на добрата вест им носи среќа на другите и радост на самите нас (Дела 20:35). Ние сме навистина во можност да видиме добро од целата наша напорна работа (Проп. 2:24).
7 Најмногу од сѐ, имаме прекрасна надеж за иднината (Рим. 12:12). Очекуваме еден совршен нов свет на праведност, каде што ќе живееме со нашите сакани во радост и мир засекогаш! Оваа надеж е богатство повредно од што и да било, што овој свет има да понуди (1. Тим. 6:19).
8 Како можеме да го покажеме нашето ценење? Никогаш не можеме да му возвратиме на Јехова за она што тој го сторил за нас. Ние можеме само да го изразиме нашето ценење со тоа што 1) ќе му благодариме секој ден за неговата незаслужена љубезност (Ефеш. 5:20), 2) ќе ја покажуваме нашата љубов со тоа што ќе бидеме послушни (1. Јов. 5:3), 3) ќе го светиме неговото име со тоа што ќе ја проповедаме добрата вест (Псал. 83:18, НС) и 4) ќе го поддржуваме христијанското собрание преку нашата соработка со цело срце (1. Тим. 3:15).
9 Ние имаме секаква причина да бидеме најрадосните луѓе на Земјата (Псал. 143:15б). Нека нашиот став, однесување и служба ја рефлектираат радоста која ја чувствуваме во нашиот духовен рај. Никогаш не ни било толку добро!