Јеховиниот благослов нѐ збогатува
1 Нечиј успех честопати се мери со висината на неговата плата. Затоа, многумина мислат дека оние кои имаат пари се најсреќни и најзадоволни луѓе. Меѓутоа, луѓето кои мислат дека со пари можат да купат среќа се во голема заблуда (Проп. 5:12). Оние кои се „решени да се збогатат“ во материјален поглед, не можат да имаат трајна радост (1. Тим. 6:9). За разлика од тоа, Јеховините слуги се навистина радосни и тие се најбогатите луѓе во светот (Посл. 10:22; Откр. 2:9). Како тоа?
2 Доказ дека имаме богатство: Ние имаме богат духовен увид и разбирање на Божјата реч, Библијата. Преку својата земна организација, Јехова постојано нѐ поучува за себе и за својот Син, на наша трајна корист. Точното спознание ни овозможува да му се приближиме на Јехова и да имаме близок однос со него (Јак. 4:8). Согледувањето на разликата меѓу она што е добро и она што е лошо и следењето на Божјите закони нѐ штити од извесни болести и опасности. Имаме доверба дека Јехова ќе се грижи за нас, а од тоа произлегува побожно задоволство и душевен мир (Мат. 6:33).
3 Уживаме мир и единство во рамките на нашето духовно братство затоа што ги негуваме плодовите на Божјиот дух. Бидејќи сме обединети со цврстата врска на љубов, никогаш не треба да се чувствуваме напуштени од Бог или од нашите браќа кога се соочуваме со неволји (Гал. 6:10).
4 Нашиот живот има вистинска смисла и цел. Сметаме дека е прекрасна предност да учествуваме во глобалното проповедање на добрата вест. Ова ни носи трајна радост додека им помагаме на другите да стекнат добар однос со Бог и обединето да служат со нас во чистото обожавање. Нашето скапоцено богатство кое се состои од нашата служба му носи чест на Јехова и ни дава чувство на задоволство затоа што учествуваме во посветувањето на неговото име. Задржуваме позитивен умствен став, знаејќи дека нашата надеж за иднината наскоро ќе се оствари.
5 Да го покажеме своето ценење: Секогаш да ги цениме Јеховините благослови, кои навистина нѐ прават најбогатите луѓе во светот (Посл. 22:4). Секојдневното одвојување време за да медитираме за она што го имаме нѐ поттикнува да му благодариме на Јехова за неговата великодушна љубов и да продолжиме да му ја даваме нашата исклучителна оддаденост.