ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/96 стр. 1
  • Помогнете им повторно да служат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помогнете им повторно да служат
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Не ги заборавајте неактивните
    Нашата служба за Царството 2007
  • Помогни им да се вратат без одложување!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • „Вратете се кај мене“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 6/96 стр. 1

Помогнете им повторно да служат

1 Согледувајќи една потенцијална духовна опасност за неговите сохристијани, апостол Павле напишал: ‚Дошол веќе часот, да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога станавме верници‘ (Рим. 13:11). Павле бил загрижен за своите браќа кои станале духовно дремливи; тој бил загрижен за да ги оживее за обновена активност.

2 Навистина може да се каже дека ноќта на овој стар свет е прилично поодмината, а зората на новиот свет е токму пред врата (Рим. 13:12). Имаме добра причина да бидеме загрижени за нашите браќа кои прекинале да се дружат со нас како проповедници на добрата вест. Само во САД, минатата службена година беа повторно активирани преку 27.000 објавители. Како можеме да им помогнеме на другите неактивни поединци повторно да му служат на Јехова?

3 Што можат да сторат старешините: Повеќето од оние кои се неактивни не ја напуштиле вистината; тие едноставно престанале да проповедаат поради обесхрабрување, лични проблеми, материјализам или други грижи на животот (Лука 21:34—36). Ако е можно, многу подобро е да им се помогне пред да станат неактивни. Собранискиот секретар треба да го предупреди водителот на Собраниската студија на книга кога некој објавител станува нередовен во известувањето на делото на служба. Може да се направат подготовки за пастирска посета. Тие треба да се обидат да ја утврдат основната причина за проблемот и како може да се помогне. (Види Стражарска кула од 15 септември 1993, страници 20—23.)

4 Како можат другите да помогнат: Повеќето од нас познаваат некого кој станал неактивен. Тоа може да е лице кое порано ни било прилично блиско. Што можеме да сториме за да помогнеме? Зошто да не навратиш на кратка посета. Кажи му дека ти недостасува неговото друштво. Биди весел и позитивен. Изрази ја својата загриженост без да му даваш на знаење дека тој е духовно болен. Раскажи изградувачки искуства или други добри работи што ги постигнува собранието. Зборувај му со ентузијазам за Обласниот конгрес „Гласници на божествен мир“ и охрабри го да присуствува. Повторното дружење со собранието може да му помогне повеќе од што и да било друго. Понуди му да го придружуваш на состаноците. Кажи им на старешините за реакцијата на која си наишол.

5 Кога едно лице кое станало неактивно се враќа на состаноците, веројатно ќе се чувствува незгодно кога ќе ги среќава другите кои порано ги знаел. Не прашувај: „Каде си бил?“ Наместо тоа, направи да се чувствува добредојден. Вклучи го во разговор. Претстави им го на оние кои не ги познава. Седи со него за време на состанокот, погрижи се да има песнарка и материјалот кој се проучува. Охрабри го да дојде повторно и понуди ја твојата помош ако е потребно.

6 Имајќи срдечна наклонетост кон оние кои застраниле, Јехова и Исус се радуваат кога ваквите духовно оздравуваат (Мал. 3:7; Мат. 18:12—14). Можеме да ја искусиме истата таа радост ако успееме во помагањето на другите повторно да му служат на Јехова.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели