Рубрика прашања
◼ Дали сѐ уште е погодно да се води домашна библиска студија со некој неактивен брат или сестра според упатството на некој од членовите на Службениот одбор на собранието?
Старешините имаат одговорност да го пасат собранието, вклучувајќи го и секој член кој станал неактивен. Тие ги посетуваат таквите и одредуваат каква лична помош им е потребна. Онаму каде што е погодно, во тоа би можело да спаѓа да му се понуди на неактивниот да ги ужива користите од личната библиска студија. Организирани да ја извршуваме нашата служба, на страница 103, објаснува дека Службениот одбор на собранието ќе одлучи кому може да му користи таквата подготовка.
Надгледникот за служба одлучува кој може најдобро да укаже помош, кои теми треба да се проучуваат и која публикација ќе биде од најголема помош. Можеби оној кој порано проучувал со лицето или некој што го познавал или го почитувал ќе биде во добра положба да помогне. Една способна и зрела сестра може да биде замолена да ѝ помогне на некоја неактивна сестра. Обично нема да биде потребно уште еден објавител да го придружува доделениот водител. Кога е доделен, објавителот кој ја води студијата може да го смета времето, повторните посети и студијата. (Види Наша служба за Царството од декември 1987, страници 3—5.)
Бидејќи оној кој проучува е крстен, обично студијата не треба да продолжи подолго време. Целта е да му се помогне на неактивниот повторно да почне да присуствува на сите собраниски состаноци и да стане редовен објавител на добрата вест. Надгледникот за служба ќе го следи напредокот на таквите студии. Како резултат на оваа помош која е полна со љубов, овие браќа и сестри треба да можат да го сносат сопствениот товар на одговорност пред Јехова и да станат цврсто „вкоренети и утврдени“ во вистината (Ефеш. 3:17, NW; Гал. 6:5).