Потребни се повеќе браќа во пионерската служба
1 Павле нѐ поттикнал ‚да бидеме секогаш богати [изобилно вработени, НС] во делото Господово‘ (1. Кор. 15:58). За многумина ова значи да започнат со пионерска служба. Минатиов септември, 9-мина беа приклучени кон пионерските редови!
2 Моментално, поголемиот број од оние кои служат како пионери во оваа земја се сестри (Псал. 68:11, НС). Колкава радост би била за собранието ако кон редовите на полновремените слуги би можеле да се приклучат повеќе браќа! (Псал. 110:3, НС). Разбирливо е дека многу браќа треба да се грижат за тешки световни и семејни обврски. Други, исто така, работат напорно за да се грижат за духовните потреби на собранието. Ние ги цениме овие мажи кои се напрегаат за интересите на Царството (1. Тим. 4:10).
3 Па сепак, може ли повеќе од вас браќа да започнете со пионерска служба? Ако твојата сопруга е пионер, можеш ли да ѝ се придружиш? Ако си во пензија, зарем нема да се сложиш дека не постои позадоволувачки начин како да го поминеш времето отколку во полновремената служба? Ако штотуку завршуваш со училиште, дали сериозно и во молитва си размислил за прифаќање на пионерската служба, како отскочна даска за дополнителни предности на служба? (Ефеш. 5:15—17).
4 Еден брат го продал својот успешен бизнис и прифатил запослување со скратено работно време за да може да биде пионер. Поради неговото добро водство, три од неговите четири деца станале пионери веднаш по завршувањето со училиштето. Четвртото било нестрпливо да им се придружи. Овој брат и неговото семејство биле богато благословени.
5 Отворена е една голема врата: Пионерската служба може да отвори „голема и за работа погодна врата“ (1. Кор. 16:9). Браќата кои се пионери може да бидат обемно употребени во собранието. Ревната активност на подрачјето придонесува кон нивниот духовен статус и придодава кон нивниот теократски напредок. Пионерењето може да го отвори патот кон дополнителни предности на службата. После првата година пионерење, следи благословот — посетување на Школата за пионери. Слугите помошници и старешините кои се самци можат да се стремат кон тоа да ја посетат Школата за оспособување на слуги. Оженетите брачни двојки кои ги исполнуваат условите може да се пријават за Школата Гилеад. Со текот на времето, браќата може да се оспособат за патувачкото дело. Да, пионерската служба ја отвора вратата кон овие поголеми предности за служење во Јеховината организација.
6 Браќата кои можат да направат место за општата пионерска служба, можат да ја искусат поголемата среќа која доаѓа со зголеменото давање (Дела 20:35).