ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/96 стр. 1
  • Кој е оспособен да проповеда?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е оспособен да проповеда?
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Дали сум доволно способен да проповедам?
    Нашата служба за Царството 2010
  • Да ја проповедаме оваа добра вест за Царството
    Пејте му фалби на Јехова
  • Целосно опремени како учители на Божјата реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Како се проповеда добрата вест?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 8/96 стр. 1

Кој е оспособен да проповеда?

1 Што се однесува до службата, дали некогаш си се чувствувал како Мојсеј? Тој рекол: „Извини Јехова, но јас не сум добар говорник, ниту од вчера, ниту пред тоа, ниту пак откога му зборуваш на твојот слуга“ (2. Мој. 4:10, НС). Ако се чувствуваш така, можеби ќе бидеш склон да се воздржуваш. Но сепак, Исус „ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме“ (Дела 10:42). Па, како можеме да станеме оспособени проповедници на добрата вест?

2 Она што нѐ оспособува за служба не е степенот на нашето световно образование. Павле рекол дека ‚не биле повикани мнозина мудри по тело‘ и дека „мудроста на овој свет е безумство пред Бога“ (1. Кор. 1:26; 3:19). Исус ги избрал своите апостоли од работничката класа — од кои најмалку четворица по занимање биле рибари. Гордите религиозни водачи на нив гледале со презир, како на „луѓе неучени и прости“. Просудени според световните мерила, апостолите биле неспособни да проповедаат. Сепак, Петровиот сугестивен говор, изнесен на Пентакост, поттикнал 3.000 да се крстат! (Дела 2:14, 37—41; 4:13).

3 Јехова нѐ оспособува да проповедаме: Павле изјавил: „Нашата способност доаѓа од Бога“ (2. Кор. 3:5). Јехова, Изворот на мудроста, поучил милиони да им ја проповедаат на другите вистината за Царството (Иса. 54:13). Ефективноста и плодотворноста на ова дело може да се види од 338.491, кои се крстија минатата година како живи „препорачувачки писма“ (2. Кор. 3:1—3). Ги имаме сите причини да сведочиме со храброст и увереност за работите кои сме ги научиле од Јехова.

4 Божјата организација изградила една меѓународна програма за оспособување на слуги. Со помош на Писмото и голем број разновидни помошни средства за библиска студија, ние сме школувани и обучени да станеме ‚потполно способни, целосно опремени‘ да проповедаме (2. Тим. 3:16, 17, НС). Многумина биле импресионирани од знаењето кое се наоѓа во публикациите на Заедницата. На пример, едно шведско списание навело: „Зад верата што ја проповедаат Јеховините сведоци постои една зачудувачка академски висока и меѓународно ориентирана библиска наука“.

5 Со водството кое ни се дава на нашите пет неделни состаноци, нашата програма за читање на Библијата и проучувањето, советувањето во Теократската школа за проповедање, личната помош од други кои се искусни слуги, а најмногу од сѐ — поддршката од Јеховиниот свет дух, можеме да бидеме уверени дека Јехова нѐ гледа како потполно оспособени да проповедаме. „Проповедаме искрено како [испратени, НС] од Бога, пред Бога, во Христа“ (2. Кор. 2:17).

6 Ако извлечеме полна корист од теократското обучување, обезбедено од Бог преку неговата организација, немаме причина да се воздржуваме или да се чувствуваме заплашени. Радосно ќе може да им проповедаме на другите, уверени дека Јехова ќе ги благослови нашите напори (1. Кор. 3:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели