Рубрика прашања
◼ Што треба да се стори кога говорникот, одреден за јавно предавање, не успее да стигне навреме за состанокот?
Повремено, неизбежни околности ќе спречат некој брат да стигне навреме за да го одржи својот планиран говор. Ако има причина да се верува дека тој ќе пристигне набргу, старешините можат да одлучат да почнат со студијата на Стражарска кула; Состанокот за јавност може да следи потоа. Што ако стане очигледно дека говорникот нема да пристигне? Можеби еден од локалните говорници би можел да изнесе кој и да било говор што веќе го има подготвено.
Грижливото планирање однапред обично го спречува овој проблем. Координаторот за јавни предавања треба да стапи во контакт со секој говорник барем една недела однапред за да го потсети за неговата задача. Потсетникот би требало да го вклучува времето на состанокот, адресата и телефонскиот број од Салата на Царството и јасни упатства за тоа како да ја пронајде салата. Говорникот мора да си направи грижлива забелешка за сите овие поединости. Тој треба сериозно да ја прифати својата задача, правејќи ги сите потребни прилагодувања во своите лични работи за да може да ја исполни оваа одговорност. Ако ненадејно се појави нешто неизбежно, кое би го спречило да стори така, би требало веднаш да се поврзе со координаторот за јавни предавања за да може да се организира замена. Треба да се вложи секој напор за да се избегнат откажувања во последната минута. Ако говорникот е задржан и ќе доцни неколку минути, тој може да се погрижи да телефонира до Салата на Царството за браќата да знаат што да прават.
Ценењето на задачите за јавно предавање, доброто претходно планирање и потсетниците, како и грижливото надгледување, можат да обезбедат собранието да биде во можност секоја недела да ужива во едно корисно јавно предавање.