ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/07 стр. 3
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Срдечно си поканет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Упатства за состанокот Нашиот живот и служба како христијани
    Упатства за состанокот Нашиот живот и служба како христијани
  • Нов распоред за собраниските состаноци
    Нашата служба за Царството 2008
  • Состаноци на кои го славиме Бог
    Божјето Царство владее!
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 5/07 стр. 3

Рубрика прашања

◼ Како треба да бидат најавени уводните песни на Теократската школа за служба, на Состанокот за нашата служба, на Состанокот за јавност и Проучувањето на Стражарска кула, и кој треба да го направи тоа?

Уводните песни за секоја седмица од Теократската школа за служба се наведени во Распоредот за Теократска школа за служба што е во додатокот од Нашата служба за Царството од октомври. На 2. страница од Нашата служба за Царството се наоѓаат броевите на уводните и заклучните песни за Состанокот за нашата служба за секоја седмица. Слично на тоа, броевите на песните за седмичното проучување на Стражарска кула се наоѓаат на 2. страница од списанието. Песните што се избрани се сметаат за дел од состанокот за кој се одредени и затоа треба да ги најави братот што го води состанокот а не претседавачот од претходниот состанок.

Според тоа, надгледникот на Теократската школа за служба ќе им изрази добредојде на присутните, ќе ја најави уводната песна и ќе ја води школата. Потоа ќе го замоли братот што ќе ја има првата точка од Состанокот за нашата служба (на пример, локални известувања) да излезе на бината. Овој брат — што има точка во Состанокот за нашата служба — треба да ја најави песната со која се отвора тој состанок.

На сличен начин, Состанокот за јавност ќе го започне еден брат што ќе служи како претседавач. Тој ќе им изрази срдечно добредојде на сите присутни и ќе ги замоли да му се придружат во пеењето на уводната песна што ја избрал говорникот. Претседавачот (или можеби некој друг брат што е однапред избран за тоа) ќе го отвори состанокот со молитва. Потоа, претседавачот ќе го најави говорникот и ќе ја каже темата на неговиот говор. По говорот, накратко ќе се заблагодари за поучните мисли, но притоа нема потреба да прави резиме на тоа што го кажал говорникот. Ќе го спомне насловот на јавното предавање за следната седмица и тогаш ќе ги покани сите присутни да останат на проучувањето на Стражарска кула. Нема потреба претседавачот да побара од присутните да испратат поздрави до собранието од кое доаѓа говорникот. Потоа, претседавачот ќе го покани водителот на Стражарска кула да излезе на бината.

Водителот на Стражарска кула ќе ја најави првата песна што е одредена за состанокот. Тој ќе го води проучувањето во склад со упатствата од организацијата и потоа ќе ја најави заклучната песна. Обично водителот на овој состанок ќе го покани братот што го држел јавното предавање да ја каже заклучната молитва.

Ако сите се држиме за овие општи упатства, ќе придонесеме нашите собраниски состаноци насекаде да се водат на ист начин.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели