Нов распоред за собраниските состаноци
1, 2. Какви промени ќе има во состаноците од јануари 2009?
1 Во седмицата од 21 до 27 април 2008 год., целото братство доби едно возбудливо известување, кое гласеше: „Почнувајќи од 1 јануари 2009 год., Собраниското проучување на книга ќе се одржи во истиот ден кога се одржува Теократската школа за служба и Состанокот за нашата служба. Собраниското проучување на книга ќе се вика Собраниско проучување на Библијата“.
2 Распоред за овие состаноци: Овие состаноци ќе траат вкупно 1 час и 45 минути, вклучувајќи ги и песните и молитвите. На почеток ќе има песна и молитва (5 мин.), а потоа ќе почне Собраниското проучување на Библијата (25 мин.). Веднаш потоа ќе следи Теократската школа за служба (30 мин.). Потоа, со песна (5 мин.) ќе се воведе Состанокот за нашата служба (35 мин.). Состанокот ќе заврши со песна и молитва (5 мин.). За да можете полесно да се подготвувате за овие состаноци, секој месец во Нашата служба за Царството ќе излегува распоред за Собраниското проучување на Библијата, за Теократската школа за служба и за Состанокот за нашата служба.
3. Како ќе се води Собраниското проучување на Библијата?
3 Собраниско проучување на Библијата: Овој состанок ќе се води слично како Проучувањето на Стражарска кула. Нема да биде потребно да се повторува материјалот од претходната седмица. Наместо тоа, треба да има само многу краток вовед. Така ќе остане доволно време за сите присутни да даваат кратки коментари. Претседавачкиот надгледник ќе прави распоред за да може секоја седмица друг старешина да го води овој состанок.
4. Какви промени ќе има во Состанокот за нашата служба?
4 Состанок за нашата служба: Овој состанок ќе остане ист, само ќе трае пократко. За известувањата обично ќе бидат предвидени пет минути. Тоа ќе биде доволно време за неопходните известувања и за некои писма од Бетелот. Известувањата во врска со состаноците за проповедање, распоредите за чистење, сметководните извештаи и рутинските писма од Бетелот не треба да се читаат од бината, туку треба да се закачат на огласната табла каде што браќата ќе можат да ги прочитаат. Учесниците во програмата треба добро да се подготвуваат, да не го пречекоруваат предвиденото време и да се држат за упатствата.
5. Каков ќе биде распоредот за состаноците за време на посетата на покраинскиот надгледник?
5 Посета на покраинскиот надгледник: Нема да има промени во седмичниот распоред на покраинскиот надгледник. Во вторник, по Теократската школа за служба и Состанокот за нашата служба ќе се испее песна, и тогаш покраинскиот надгледник ќе одржи 30-минутен говор. Како и досега, за време на посетата, Собраниското проучување на Библијата ќе се одржи друг ден. По проучувањето ќе се отпее една песна, и тогаш покраинскиот надгледник ќе одржи говор за службата. Состанокот ќе заврши со песна и молитва.
6. Каква улога има надгледникот на групата?
6 Состаноци за проповедање: Надгледниците на групите ќе ги назначи старешинството, и тие ќе се грижат за групите за проповедање и за духовната благосостојба на членовите на секоја група. Ако е потребно за таа задача да биде одреден некој слуга-помошник, тој ќе биде наречен „слуга на групата“.
7. Што можеме да очекуваме од новиот распоред за собраниските состаноци?
7 Од она што го разгледавме досега, може да се заклучи дека ќе имаме состаноци на кои ќе добиваме корисни, охрабрувачки информации што ќе ни помогнат да имаме цврсто пријателство со Јехова. Таа разновидна духовна храна ќе ни овозможи да бидеме поделотворни проповедници и учители, и да имаме подобри резултати во службата (Еф. 4:13, 14; 2. Тим. 3:17).
8. Зошто ќе биде корисно и за нас и за другите ако се подготвуваме однапред?
8 Ако се подготвуваме однапред за овие состаноци, ќе можеме да се концентрираме на главните мисли што ќе бидат изнесени. Сите ќе можеме да коментираме, што е убав начин да придонесеме за заемно охрабрување (Рим. 1:11, 12; Евр. 10:24). Треба да имаме цел ‚нашиот напредок да им биде видлив на сите‘ со тоа што ‚исправно ќе се служиме со речта на вистината‘ (1. Тим. 4:15; 2. Тим. 2:15).
9. Што сме решени да правиме, и зошто?
9 Многу се радуваме на оваа значајна промена во врска со собраниските состаноци. Да продолжиме да го следиме водството што ни го дава „верниот и разборит роб“ и да останеме блиску до Големиот Пастир додека нѐ подготвува за „големата неволја“ која е на прагот (Мат. 24:21, 45; Евр. 13:20, 21; Отк. 7:14).