Верноста се наградува
1 Во Евреите 11:6 ни е кажано дека Бог „ги наградува оние, што [сесрдно, НС] Го бараат“. Еден начин на кој тој ги наградува своите оддадени слуги кои се ‚верни во малку‘ е со тоа што ‚ги поставува над многу‘ (Мат. 25:23). Со други зборови, Јехова честопати ја наградува добрата работа на своите верни сведоци така што им дава додатни предности во службата.
2 Верноста на апостол Павле била наградена со тоа што му била доделена служба која го одвела во градовите и селата во Европа и Мала Азија (1. Тим. 1:12). Иако во целосното извршување на неговата служба бил вклучен голем напор, Павле високо ја ценел предноста што ја добил (Рим. 11:13; Кол. 1:25). Тој го покажал своето искрено ценење на тој начин што сесрдно барал прилики да проповеда. Преку својата ревносна активност, тој јасно покажал дека живее според својата вера. Неговиот пример нѐ поттикнува со ценење да ги чуваме нашите предности во службата.
3 Јехова ни дал служба: Како го покажуваме истото гледиште што го покажувал Павле за таа привилегирана награда? Бараме начини да го зголемиме своето учество во службата. Ја користиме секоја прилика да сведочиме неформално, како и од врата до врата. Ги проследуваме сите места од типот „не се дома“ и правиме повторни посети кај сите кои се заинтересирани. И доаѓаме на договорите што ги правиме за да водиме домашни библиски студии.
4 Во врска со нашата служба, Павле опоменал: „Итно извршувај го тоа“ (2. Тим. 4:2, НС). Нешто што е итно бара непосредно внимание. Дали нашата служба ја извршуваме на итен начин давајќи ѝ приоритет во нашиот живот? На пример, ние не би сакале да дозволиме нашите рекреативни активности и други лични тежнеења за време на викендот да го попречат времето кое треба да го посветиме во службата на теренот. Бидејќи сме уверени дека крајот на овој систем брзо се приближува, уверени сме дека и проповедањето на добрата вест за Царството е најважното дело што можеме да го вршиме.
5 Нашата верност на Бог се карактеризира преку тоа што сме му верни, лојални и постојани во делото што ни го доделил. Целосно да ја извршуваме својата служба за Јехова да ја награди нашата верност во големи размери.