Нуди ја книгата Семејна среќа на луѓе од сите возрасти
1 Еден 11-годишник од Калифорнија го изразил своето ценење за книгата Тајната на семејната среќа. Тој напишал: „Благодарен сум за неа и ги охрабрувам и другите семејства да ја прочитаат оваа книга затоа што е одлична. Таа . . . му помага на моето семејство да пронајде мир и среќа во нашиот дом“. Искуството на овој младич треба да нѐ охрабри да ја нудиме книгата Семејна среќа на луѓе од сите возрасти. Еве неколку предлози кои можеби ќе сакаш да ги пробаш во својата служба во текот на февруари.
2 Кога ќе сретнеш некое младо лице, можеш да речеш:
◼ „Многумина кои се на Ваша возраст размислуваат за брак. Но, каде можете да најдете веродостојни информации на таа тема? [Допушти одговор.] Младите честопати велат дека не се сигурни дали се спремни за брак. Да Ви прочитам што вели оваа книга на таа тема“. Сврти на 14. страница од книгата Семејна среќа и прочитај го 3. пасус. Потоа покажи го секој поднаслов во поглавјето. Понуди ја книгата и договори повторно да навратиш.
3 Кога ќе зборуваш со некој родител, би можел да речеш:
◼ „Со оние што се родители споделуваме некои практични упатства кои се навистина делотворни во воспитувањето на децата. Тие се собрани во овој прирачник Тајната на семејната среќа“. Сврти на 55. страница. Прочитај го 10. пасус, а потоа 5. Мојсеева 6:6, 7 во 11. пасус. После тоа истакни ги курзивните реченици во 12. до 16. пасус. Продолжи го разговорот велејќи: „Оваа книга им помогнала на многумина да постигнат поголем успех како родители. Доколку сакате да ја прочитате, ќе ми биде мило да Ви го дадам овој примерок“.
4 Кога зборуваш со некој постар, можеш да речеш:
◼ „Откако ќе го прочитам овој краток коментар, Ве молам кажете ми што мислите Вие“. Отвори ја книгата Семејна среќа на 169. страница и прочитај ги првите две реченици од 17. пасус. Потоа замоли за одговор. Во зависност од одговорот, би можел да прочиташ и други извадоци од книгата пред да ја понудиш.
5 Кога ги следиш местата каде што си ја оставил книгата Семејна среќа, имај на ум да се обидеш да започнеш библиска студија. Лекцијата 8 од брошурата Бара или 15. поглавје од книгата Спознание можат да дадат соодветна можност за да започнеш. Во меѓувреме, да настојуваме да им помогнеме на луѓето од сите возрасти да изградат среќен христијански семеен живот.