Потсетници за Меморијалот
Одржувањето на Меморијалот оваа година се паѓа в четврток, на 1 април. Старешините треба да обрнат внимание на следниве работи:
◼ При одредувањето на времето за состанокот, погрижете се симболите да не поминат пред да зајде сонцето.
◼ Секој, вклучувајќи го и говорникот, треба да биде информиран за точното време и место на одржување.
◼ Треба да се набават и да бидат спремни соодветен вид леб и вино. (Види Стражарска кула од 1 март 1985, страница 16.)
◼ Во салата треба однапред да се донесат и да се постават чинии, чаши, како и прикладна маса и чаршав.
◼ Салата на Царството или другото место за состанок треба доволно рано да бидат темелно исчистени.
◼ Редарите и послужителите треба да бидат однапред избрани и поучени во врска со исправната процедура и нивните должности.
◼ Треба да се направат подготовки да биде послужен секој помазаник кој е немоќен или болен и не е способен да присуствува.
◼ Кога е предвидено истата Сала на Царството да ја користат повеќе од едно собрание, треба да постои добра координација меѓу собранијата за да се избегне непотребна гужва во холот, пред влезот, на јавните тротоари и на паркиралиштето.