Потсетувања за Меморијалот
Одржувањето на Меморијалот оваа година се паѓа в четврток, на 28 март. Старешините треба да обрнат внимание на следниве работи:
◼ При одредувањето на времето за состанокот, погрижете се симболите да не поминат пред да зајде сонцето.
◼ Секој, вклучувајќи го и говорникот, треба да биде информиран за точното време и место на одржување на оваа прослава.
◼ Треба да се набават и да бидат спремни соодветен леб и вино. (Види Стражарска кула од 1 март 1985, страница 16.)
◼ Во салата треба однапред да се донесат и да се постават чинии, чаши, како и соодветна маса и чаршав.
◼ Салата на Царството или другата локација каде што ќе се одржи состанокот треба однапред да биде темелно исчистена.
◼ Редарите и послужителите треба да бидат однапред избрани и да добијат упатства во врска со нивните должности, исправната процедура и потребата да бидат достоинствено облечени и дотерани.
◼ Треба да се направат подготовки да биде послужен секој помазаник што е немоќен и не е во состојба да присуствува.
◼ Ако е предвидено истата Сала на Царството да ја користат повеќе собранија, треба да постои добра координација меѓу собранијата за да се избегне непотребна гужва во холот или пред влезот, на тротоарите и на паркиралиштето.