Можеш ли да понудиш помош?
1 Апостол Павле ги опоменал членовите на собранието „да се грижат едни за други“ (1. Кор. 12:25). Значи, треба да покажуваме личен интерес еден за друг и да бидеме спремни да понудиме помош полна со љубов кога тоа е потребно. На пример, некои од духовните сестри во нашата средина сами ги подигаат своите деца во вистината. Овие сестри го носат целиот товар на одговорност за духовното воспитување на нивните деца. Сигурно дека тие го заслужуваат нашето охрабрување и практична помош „според нивните потреби“ (Рим. 12:13а, NW). Можеш ли да им понудиш помош?
2 Како можеш да помогнеш: Ако им понудиш да ги возиш на состаноците и на собирите оние кои мораат да патуваат со јавен превоз, тоа може да придонесе за значителни финансиски заштеди на тоа семејство. Да ѝ се помогне на една мајка во грижата за нејзините мали деца на состаноците може да значи дека таа ќе извлече поголема корист од програмата. Слично на тоа, ако се понудиш да ѝ помогнеш кога ќе ги носи децата во служба на теренот, тоа може да ѝ олесни. Покажувањето искрен интерес за децата — спријателувањето со нив — може многу да придонесе за да им се влијае позитивно на нашите млади. Ако повремено покануваш некое семејство со еден родител да присуствува на вашата семејна студија, тоа ќе обезбеди освежувачко духовно подигнување.
3 Биди дискретен: Треба да бидеме внимателни да не му ја наметнуваме нашата помош на некого кој не чувствува потреба од неа. Ниту, пак, сакаме да се вмешаме во личните работи на некое семејство додека ја даваме потребната помош. Се разбира, сестрите и брачните двојки ќе бидат во најдобра положба да ѝ понудат помош на некоја сестра која има потреба.
4 Сите христијани се охрабрени да ‚бидат гостопримливи‘ еден кон друг (Рим. 12:13б). Помагањето на нашите духовни браќа и сестри е еден од многуте начини на кои покажуваме љубов слична на Христовата, што ја имаме меѓу нас (Јован 13:35).