„Жени кои напорно работат во Господа“
1 Со горните зборови Павле опишал две трудољубиви сестри од собранието во Рим, Трифена и Трифоса. За една друга сестра, Персида, тој рекол: „[Таа] вложи многу труд во Господ“. Во поволно светло ја спомнал и Фива, како „бранителка на мнозина“ (Рим. 16:2, 12, NW ). Во Писмото, Тавита била издвоена како таква која ‚изобилувала со добри дела и со дарови на милосрдие‘ (Дела 9:36, NW ). Колкав само благослов за собранието се духовно настроените жени!
2 Дали ги цениме сестрите кои напорно работат во нашето собрание? Тие го извршуваат поголемиот дел од делото на проповедање, ги водат повеќето библиски студии и им помагаат на многу нови. Исто така, тие минуваат приличен износ време за да им помогнат на децата духовно да напредуваат. Христијанките го даваат својот дел во изградувањето на духот на љубов, радост, мир и ревност во собранието. Даваат поддршка на многу начини за да можат нивните сопрузи и другите членови на семејството да прават повеќе во Јеховината служба.
3 Сестри во полновремената служба: Меѓу оние кои напорно се трудат во Господ се и сестрите мисионерки, од кои голем број имале учество во ширењето на делото во странски земји. Жените на патувачките надгледници се зафатени во службата на теренот во собранијата во кои служат нивните сопрузи и со тоа охрабруваат многу сестри. Не треба да ги заборавиме ниту сестрите во Бетел, кои ревносно извршуваат света служба поддржувајќи ја Јеховината организација. А нашите општи пионерки кои вложуваат искрени напори во фалбата на Бог, им помагаат на илјадници да ја дознаат вистината.
4 Овие верни жени наоѓаат големо задоволство во нивниот самопожртвуван начин на живот (1. Тим. 6:6, 8). Тие заслужуваат пофалба и секаков вид охрабрување и поддршка што можеме да им ги дадеме.
5 Христијанките се скапоцена благодат за Јеховината организација додека извршуваат света служба која е благослов за сите. Да продолжиме да ги цениме таквите жени и да се молиме Јеховиниот благослов да биде со нив додека тие и понатаму „напорно работат во Господа“.