Световното образование и твоите духовни цели
1 Ако стекнеш добро темелно образование додека си млад, тоа може да те опреми со академските вештини кои ти се потребни за да читаш и пишуваш добро и за да стекнеш едно општо разбирање за географијата, историјата, математиката и науката. За тоа време, можеш да научиш како јасно да размислуваш, да анализираш факти, да решаваш проблеми и да создаваш продуктивни идеи. Таквото школување добро ќе ти користи во животот. Како може световното образование да има врска со твоите духовни цели во животот и да ти помогне да стекнеш ‚практична мудрост и способност за размислување‘? (Изр. 3:21, 22, NW).
2 Стани корисен во Божјата служба: Додека си на училиште, внимавај на часовите и добро извршувај ги домашните задачи. Ако стекнеш добри навики на читање и учење, полесно ќе можеш да ја испитуваш Божјата реч и да останеш духовно јак (Дела 17:11). Опсежното знаење ќе ти помогне да дојдеш во врска со луѓе со различни позадини, интереси и верувања додека ги среќаваш во службата. Образованието што го стекнуваш на училиште ќе биде корисно додека ги извршуваш своите христијански одговорности во Божјата организација. (Спореди 2. Тимотеј 2:21; 4:11.)
3 Научи да се издржуваш: Ако се посветиш на тоа, и ти можеш да ги научиш вештините што се потребни за да заработуваш за живот откако ќе матурираш. (Спореди 1. Тимотеј 5:8.) Внимателно избирај ги предметите. Наместо да се сосредоточуваш на некое поле кое има ограничени можности за вработување, размислувај да научиш некој занает или вештина кои ќе ти овозможат да најдеш соодветно вработување на кое и да е место (Изр. 22:29). Таквата обука ќе ти овозможи да се издржуваш ако одлучиш да служиш онаму каде што има поголема потреба. (Спореди Дела 18:1—4.)
4 Стекнувањето добро основно образование додека си на училиште може да ти помогне да ја прошириш својата служба. Напорно работи на стекнувањето вештини кои се потребни за да се издржуваш додека напредуваш во Јеховината служба. Така, школувањето ќе послужи за да ти помогне во постигнувањето на твоите духовни цели.